Истражувачите открија: Ова е најштетната социјална мрежа

Супермен

04/12/2025

16:46

360

Големина на фонт

а а а

По објавувањето на анализата на најштетните социјални мрежи, експертите ги предупредуваат лицата кои се борат со зависност за ризикот од дезинформации и штетна содржина.

Американскиот центар за лекување на зависности, „Sana Lake Recovery“, го презентираше своето истражување за тоа кои платформи најнегативно влијаат врз зависниците и зошто.

Според анализата на истражувачите, „Редит“ бил прогласен за најштетна платформа за лица кои се борат со зависност, поради малиот број хаштагови поврзани со трезвеност, анонимноста на корисниците и поголемиот ризик од дезинформации. Во извештајот се наведува дека таквата средина може да биде тешка за некој што се наоѓа во фаза на закрепнување, особено ако нема доволно поддржувачки заедници. По „Редит“, платформите Икс (порано „Твитер“) и „БлуСкај“ исто така беа наведени како штетни, пренесе „Unilad“.


Редит ги отфрли резултатите од анализата

Врз основа на анализата, психологот Ешли Мари предупреди дека околината е клучна во процесот на закрепнување. Таа истакна дека луѓето во областите со недоволно ресурси честопати се свртуваат на платформи како Редит и Икс за да најдат одговори, но дека таквите извори понекогаш ја заменуваат стручната помош со дезинформации.

Мари додаде дека ризиците се зголемуваат кога се бара совет од анонимни профили, а не од експерти, и препорача да се побара медицинска помош.


По објавувањето на податоците, Редит ги отфрли резултатите од анализата. Нивниот портпарол рече дека методологијата на истражување е нејасна и неточна и истакна дека Редит воопшто не користи хаштагови, па затоа таквата процена не може да биде релевантна. Тие додадоа дека платформата има бројни заедници за поддршка на лица со зависност, дека е оценета како корисна во многу академски студии и дека постојат строги правила и механизми за заштита на корисниците.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk