Кои автомобили најмалку губат на вредност како половни во Франција? Тоа се „Dacia Sandero“ (бензин и дизел) и „Dacia Logan“.
Која е тајната на нивниот успех? Овие модели тргнуваат од ниска почетна цена, па со текот на времето помалку губат од скапите возила и другите произведувачи.
Тоа произлегува од студиите кои ги објавил „Le Parisien“, врз основа на податоци од водечките француски платформи за продажба на автомобили, пренесува „Autoblog“.

Како што пренесуваат медиумите, калкулацијата за амортизација спроведена на возила од пониските категории, премиум и електични возила во текот на пет години, ја споредуваат просечната цена на поволните возила со просечна цена на новите возила од 2020 година.
Високо на листата се нашле „Volkswagen Polo“, „Suzuki Swift“ и „Toyota Yaris“. Меѓу моделите кои Французите ги сакаат е и „Renault Clio“ којшто има поголема вредност од „Peugeot 208“.
Во секој случај, рецептот за малиот пад на вредноста е едноставен: безбеден, бензински и релативно компактен автомобил. Од друга страна, дизел автомобилите губат на вредност.

„Dacia Sandero“ (бензин) 14%
„Dacia Sandero“ (дизел) 23%
„Dacia Logan“ (бензин) 25%
„Volkswagen Polo“ (бензин) 27%
„Suzuki Swift“ (бензин) 30%
„Toyota Yaris“ (бензин) 30%
„Renault Clio“ (бензин) 33%
„Volkswagen Polo“ (дизел) 33%
„Mitsubishi Space Star“ (бензин) 35%
„Nissan Micra“ (бензин) 36%
Што се однесува до електричните возила, загубата е околу 60 отсто, но тука треба да се земе предвид и цената на новите модели во салоните.