Орландо Блум по раскинувањето со Кејти Пери: „Барам партнерка со стил и пари“

Супермен

16/12/2025

14:30

562

Големина на фонт

а а а

Орландо Блум не губи време по раскинувањето со Кејти Пери па открил какви особини бара кај идната партнерка.

Шест месеци откако беше потврден крајот на свршувачката со Пери, актерот во ТикТок видео за „People Gallery“ одговорил на прашањето дали попрво би имал „партнерка со стил или со пари“. „И двете“, се пошегувал Блум, а потоа додал: „Морам да одберам едно од двете?“. Со тоа јасно ставил до знаење што моментално му е важно во љубовниот живот.


Блум кој со пејачката ја има петгодишната ќерка Дејзи Дав, признал дека по раскинувањето имал време да размисли за своите приоритети. Во истиот разговор споделил и личен совет за сите оние кои поминуваат низ тежок период. „Дејствувајте. Станете, тоа нека ви биде рутина. Влезете во своето тело, излезете од главата. Ако сте во главата, влезете во своето тело и дејствувајте па продолжете да креирате“. Неговите зборови сугерираат дека моментално се фокусира на активноста, стабилноста и личниот раст.



Иако ниту тој ниту Кејти Пери јавно не зборувале за причините за раскинувањето, но пејачката во новата песна „Bandaids“ алудираше на емоционалната заднина на крајот на нивната врска. „Се навикнав да ме изневеруваш/Нема смисла сега да се обидуваш да испраќаш цвеќе“, пее Пери, додавајќи: „Си велам дека ќе се смениш, но нема / Фластери преку скршено срце“. И покрај гласините за новата врска на пејачката, Блум јавно не се огласил во врска со тоа.

Од друга страна, актерот истакнал дека работата на себе му помогнала да продолжи понатаму. Во септември во емисијата „Today“ тој изјавил: „Одлично сум. Толку сум благодарен. Имаме прекрасна ќерка“. Актерот додал и дека и покрај раскинувањето по деветгодишна врска, има „прекрасен“ однос со Кејти и дека и двајцата се посветени на заедничкото родителство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk