[ВИДЕО] Тамара со емотивна изведба ја расплака публиката на познатото шоу: Ваква верзија на познатата песна на Џеј досега не сте слушнале

Точка

19/12/2025

17:21

690

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска ја отвори новата епизода на емисијата „Никогаш не е доцна“ и уште со првите тонови предизвика вистински бран емоции во студиото.

Нејзината моќна, длабоко емотивна интерпретација на славната песна на Џеј, „Недеља“, го остави без здив и жирито, и публиката, како и гледачите пред малите екрани.

Веќе по првите стихови стана јасно дека се подготвува момент за паметење. Камерата ги фати насолзените очи на публиката, а водителот Жика Јакшиќ не можеше да го скрие воодушевувањето. Тој истакна дека ова е првпат да ја слуша „Недеља“ во женска изведба и дека бил целосно „разоружан“.

„Звучеше величествено. Прв пат ја слушам песната „Недеља“ на Џеј во женска верзија…“, рече импресионираниот продуцент и водител на шоуто „Никогаш не е доцна“, нагласувајќи колку е храбро и предизвикувачки да се отпее еден од најемотивните хитови на Џеј.


По емотивната изведба, Тамара ја покажа и својата поенергична страна, изведувајќи ја песната „Ја бих те сањала“ на пејачката Ивана Негатив, со што ја потврди својата разновидност и создаде атмосфера која долго ќе се памети.