Љубовната приказна на Хајди Клум и Сил е бајковита, прекрасна и неверојатна, па затоа многумина се прашуваат -што тргнало наопаку и зошто на крајот се разведоа?
Хајди Клум и Сил се сретнале за првпат во предворјето на еден хотел во Њујорк во 2004 година. Хајди седела со заеднички пријател кога Сил влегол, носејќи тесни велосипедски шорцеви.
„Штотуку дојде од теретана, а јас седев таму и си велев: ‘Уау...’“, изјави Хајди во една прилика за време на гостувањето кај Опра Винфри. „И видов помалку или повеќе – сè“, додаде таа.

Сил, исто така, бил импресиониран и открил дека првото нешто што го привлекло кај манекенката била „љубезноста во нејзината насмевка“.
„Тоа ме наведе да помислам дека не сум видел никој поубав“, рекол тој подоцна.
Додека се гледале, Хајди веќе носела дете од друг
Пет недели по нивното запознавање, тие излегле на прв состанок. Меѓутоа, тајмингот не бил идеален: Хајди штотуку дознала дека е бремена, а татко на детето бил италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе.
Откако ја поминале ноќта заедно, Хајди му соопштила на Сил дека е бремена.
„Се насмеав и реков: ‘Веќе?! Тоа е неверојатно!’. Таа ми одговори: Не со тебе, глупчо’“, раскажал Сил 4 години подоцна.

Сил го прифатил детето како свое
„Имаше кратка пауза, а потоа реков: ‘Тоа не го менува она што го чувствувам кон тебе’. Луѓето велеле дека сум бил храбар, но искрено, имав среќа. Немавме време за вообичаен предбрачен танц во кој паровите се впуштаат. За првпат во животот имав потполна јасност во врската и точно знаев што треба да направам“.
За време на врската, парот ја покажуваше својата наклонетост со големи гестови. Сил ја запроси Хајди во иглу изграден специјално за таа прилика, на врв на изолиран глечер во Канада, два дена пред Божиќ. А потоа започнале да се надминуваат себеси со подароците. Кога и Сил да бил на турнеја или да промовирал некој албум, Хајди му пакувала специјални љубовни пораки во куферот.
Година дена по раѓањето на Лени (4 мај 2004), парот, кој го очекувал свое прво дете заедно, се венчал на скромна церемонија на плажа во Мексико.

Потоа парот доби уште три деца: синовите Хенри Гинтер Адемолa Дашту (2005) и Џохан Рајли Фјодор Тајво (2006), како и ќерката Лу Сулола (2009). Сил официјално ја посвои Лени во 2009 година.
„Тоа е сè, и отсекогаш беше така од денот кога ја запознав нејзината мајка“, изјави Сил за посебната врска која ја има со Лени.
„Хајди беше трудна две недели кога оваа прекрасна душа беше во нејзиниот стомак. Отсекогаш ја имавме таа врска“.

По љубовта - развод
По објавувањето на разводот во јануари 2012 година, сепак разводот се реализираше две години подоцна.
„Иако уживавме во седум многу љубовни, лојални и среќни години брак, по долго преиспитување решивме да се разделиме. Сè уште многу се сакаме, но се оддалечивме“, стои во заедничкото соопштение на парот.
Што тргнало наопаку?
По шокантниот развод, Клум откри дека нивниот брак не бил секогаш толку среќен, но одбила да објаснува конкретно што тргнало наопаку.

„Луѓето не мора да знаат кој што направил“, изјави таа за списанието „Elle“ во март 2012 година. „Не сакам да зборувам ниту позитивно, ниту негативно за нашите подеми и падови. Секој пар минува низ тие работи“.
„За жал, ние сме јавни личности, па успесите се видливи. Но не мислам дека е потребно — особено за нашите деца — падовите да се објавуваат во медиумите и да се дискутира за нив“.













