[ВИДЕО] Јамал отвори Јутјуб канал: Го покажал својот стан и открил бизарна причина зошто не може да има девојка

Супермен

23/12/2025

13:44

663

Големина на фонт

а а а

Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, ги отвори вратите од станот во кој живеел изминатите две години, во пресрет на планираното преселување во нов дом.

Иако луксузот не е на ниво на светските музички ѕвезди, гордост не недостасува, а фудбалерот на Барселона го прошета својот дом со цел да го најави и започне својот нов Јутјуб канал, кој за само пет часа собра 200.000 претплатници.

„Тоа нема да биде куќата на 50 Сент, но погледнете ја оваа реликвија што ја имам“, изјави со насмевка, покажувајќи ѝ на камерата потпишана винил-плоча од легендарниот Др.Дре.

И покрај сите наводни врски со жени, целата слава, успех и богатство, Јамал признава дека би можел да се соочи со потешкотии при создавање врска со девојка. Причината, како што тврди, е неговиот распоред за спиење, кој е изграден околу будење среде ноќ за да јаде колачиња што е прилично бизарно објаснување.

„Се трудам да заспијам рано за да се разбудам среде ноќ и да јадам колачиња. Тоа ми е омилениот план, затоа не можам да имам девојка, бидејќи се будам ноќе“, изјави Јамал.

Облечен во резервниот дрес на репрезентацијата на Колумбија со бројот 7 на Луис Дијаз на грбот, фудбалерот од Рокафонда ги поведе навивачите во обиколка на својот трисобен стан.

Просторот е функционален, но прилично натрупан и исполнет со трофеи, награди и спомени од неговата сè уште млада, но веќе импресивна кариера. На полиците се наоѓаат десетици признанија, од кои за некои, како што признава, веќе не се ни сеќава кој му ги доделил. Присутна е и невообичаено голема колекција свеќи и освежувачи на воздух со мирис на ванила, подароци од навивачи, како и ситници од детството.

„Оваа кадифена играчка ја освоив во ‘PortAventura’“, вели со смеа.


Една награда се издигнува над сите останати. Од специјална кутија на „Adidas“, Јамал ја вади топката од полуфиналниот натпревар на Европското првенство 2024 година, на кој Шпанија ја совлада Франција.

„Највредната работа во мојата куќа – топката со која постигнав гол против Франција“, вели тој. „Шпанија, секако, во финалето ја победи Англија со резултат 2:1.

Станот се состои од дневна соба и кујна во приземјето, додека на катот се наоѓа тераса која, како што признава, речиси никогаш не ја користел.

„Мислевме дека ќе биде совршена за лето, но на крајот не ставивме ни перници на софата. Се грижев дека луѓето би можеле да нè видат“, додава искрено.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk