Логан Пол споделил финансиски совет за генерацијата З: Настанал „хаос“

Супермен

26/12/2025

10:23

636

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот и претприемач Логан Пол „кренал прашина“ со своите финансиски совети за генерацијата З, кои ги споделил како гостин на телевизија.

30-годишната интернет-ѕвезда ја поттикнал генерацијата З да презема поголеми ризици и да вложува во неконвенционални видови имот, наместо да се држи до традиционалните опции, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Мислам дека ако имате пари, не плашете се да ризикувате, особено ако сте млади“, изјавил Пол во вторник во емисијата „The Big Money Show“ на „Fox Business Network“. Пол, чие богатство се проценува на 150 милиони долари, објаснил дека младите својата „енергија“ треба да ја насочат на смислени начини, дури иако тоа изгледа како пливање против струјата.


„Ако сте млади, постојат начини да ги трошите и да ги вложувате своите пари на начини што би можеле да ви значат повеќе отколку традиционална конзервативна инвестиција, како берзата“, рекол тој. Како примери ги навел колекционерските картички, уметничките дела, спортските сувенири или дури, како што рекол, „парче диносаурус“.

Совети што го поделиле интернетот

Неговите препораки предизвикале жестока расправа, а корисниците на социјалните мрежи дебатираа дали советот на Пол е мудар или целосно неодговорен. „Ризикот е во ред, но на генерацијата З ѝ треба транспарентност и основи“, напишал еден корисник на платформата Икс. „Не совети за инвестирање од славни личности.“ Друг, пак, се согласил со Пол: „Точно, ризикувајте.“

Многумина ја истакнале апсурдноста на ваквите совети во денешната економија. „Ако не можеш да купиш дом, сигурно не можеш да инвестираш во Pokémon картички“, коментирал еден корисник. „Обезбедете си пензиско осигурување пред да излезете и да си набавите Покемони. Ова е смешно!“, додал друг.

Сепак, Пол советувал претпазливост. „Мора да бидете внимателни со тоа во што вложувате. Или повлечете се од тоа“, рекол тој.


Покемон-картичка од 5,3 милиони долари

И самиот Пол е познат по необични вложувања. За време на гостувањето на телевизија околу вратот ја носел својата најпозната инвестиција – Покемон картичката „PSA 10 Pikachu Illustrator“, вредна рекордни 5,3 милиони долари, вградена во дијамантско ѓерданче од 75.000 долари.

Се пошегувал на своја сметка: „Некој ми дал премногу пари како возрасен човек, а јас, како дете што пораснало играјќи ја играта, си помислив: „О, вау, тука има игра со карти, и можам да ја потрошам целата своја нето-вредност на неа“.

Пол ја бранел својата инвестициска филозофија, тврдејќи дека вредноста на колекционерските картички растела значително побрзо од берзата. „Покемон, како класа на имот, ја надмина берзата за повеќе од 3.000% во последните 20 години“, рекол тој, додавајќи дека станува збор за најпопуларната франшиза во светот. Својата стратегија ја сумирал во реченицата: „Сакам да вложувам во најдоброто од најдоброто.“

И додека некои го бранеле, истакнувајќи дека е „толку далеку пред толпата“ и дека вредноста на ретките Покемон картички навистина достигнува милионски износи, други останале скептични. „Финансиски совети од борач? Каков совет имаше Macho Man Randy Savage за бумерите?“, запрашал еден корисник. Критичарите ја нагласиле и клучната разлика: „Шпекулациите не се инвестиции“, заклучил еден корисник, додека друг посочил очигледен проблем: „Проблемот е што речиси сите млади луѓе немаат пари“, а многумина во коментарите потврдиле дека тоа е вистина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk