Антониа Гиговска важи за една од најдобро стилизираните познати личности на македонската сцена, но и артистка со смел и уникатен моден печат.
Со секое нејзино појавување таа го привлекува вниманието на јавноста, а таков е случајот и овојпат со уникатната креација која ја носела на настап во Битола.
Антониа се појави во тесен бел фустан со висока ролка и должина до подот, на кој биле испишани нејзините најголеми хитови. Со различни бои, на креацијата можеле да се прочитаат испишаните песни како „Жена“, „Магла“, „Могли смо у двоје“, „Аман“, „Хиена“, „Магнет“, „Мразам што те сакам“ и многу други.
Гиговска објави неколку фотографии на Инстаграм, а во објавата, меѓу другото, напиша дека ова е фустанот на нејзиниот живот.

„Сите мои песни испишани на еден фустан“, напиша таа, заблагодарувајќи му се на модниот дизајнер Дејан Сидор за ова ремек-дело. Изданието, познатата пејачка, го надополнила со нежни кадрици и совршена шминка, а на нозете носела шпицести црвени високи потпетици.













