Никол Шерцингер сними шеговито, но и провокативно видео на плажа, а овој пат ѝ се придружи и нејзиниот избраник, Том Еванс.
Пејачката Никол Шерцингер ужива на плажа, а како и обично кога станува збор за неа, бикинито е речиси единственото парче облека што го носи во текот на целата година. Или барем така се чини ако се следат нејзините секојдневни објави на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што ужива на плажа заедно со партнерот Том Еванс, Никол реши малку да ја „зачини“ атмосферата и да ја намали досадата. Пејачката се снимала во бикини (секако) и со танц се обидела да одговори на познатото прашање: „кога ќе биде венчавката“.
Во еден момент ѝ се придружил и Еванс, па заедно одиграле кратка кореографија, додека Никол во описот на објавата кусо напишала: „Го молам универзумот за трпение“.
Речиси никој не се задржал на прашањето дали пејачката некогаш ќе го каже судбоносното „да“, особено кога повторно ја покажа својата фигура во бикини. Исончана и во одлична форма – тоа е поважно од сè друго, па стана јасно дека за венчавка засега не размислува или, едноставно, нема време.

Никол Шерцингер оваа година полни 48 години, но сите се согласуваат дека изгледа барем десет години помладо и дека и понатаму е без вистинска конкуренција.