[ФОТО/ВИДЕО] „Не би го постигнал ова без тебе“: По три години врска, актерот првпат проговорил за љубовта со ријалити ѕвездата

Супермен

05/01/2026

15:30

984

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Санта Моника се одржало доделувањето на филмските награди по избор на критичарите (Critics Choice Awards), а наградата за најдобар актер ја освоил Тимоти Шаламе.

Наградата му ја врачила актерката Кејт Хадсон, која сите ги воодушевила со модното издание.

Актерот ја освоил наградата за улогата во филмот „Marty Supreme“, а интересно е што ова е првпат да ја добие оваа награда, иако досега бил номиниран веќе четири пати.


Додека Тимоти им оддавал почит на своите колеги номинирани за истата награда — Мајкл Б. Џордан, Леонардо Дикаприо, Итан Хок, Џоел Еџертон и Вагнер Мора — признал дека бил нервозен.


Меѓутоа она што го привлекло вниманието на медиумите за време на неговиот говор е фактот дека за првпат јавно ја споменал својата долгогодишна девојка.

На крајот од говорот, Шаламе ѝ се заблагодарил на Кајли Џенер.

„На крај, би сакал да ѝ се заблагодарам на мојата партнерка со која сум три години. Те сакам. Ова не би го постигнал без тебе. Ти благодарам од срце“ рекол актерот.

Во тој момент на Кајли ѝ се насолзиле очите и прошепотила: „Те сакам“.


За оваа пригода, Шаламе избрал модерен пругав костум и шарена вратоврска, додека Џенер носела тесен црн фустан со тантела од страните.

Потсетуваме, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се во врска веќе три години, а иако заедно се појавувале на бројни настани, одбивале јавно да зборуваат еден за друг.


Меѓутоа, за време на викендот ја искажале љубовта еден кон друг на социјалните мрежи, па Тимоти реагирал со срце емотикони на фотографијата на својата девојка во портокалов фустан со светки, која таа ја објавила на Инстаграм.

Тоа бил првпат актерот да прокоментира една од нејзините објави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk