[ФОТО] Тој воопшто не ги крие своите љубовници: Славниот новинар се појавил со 18 години помладата манекенка

Супермен

13/01/2026

18:00

575

Големина на фонт

а а а

Белгискиот новинар Рубен ван Гухт ја изненадил јавноста кога на доделувањето на белгиската „Златна копачка“ се појавил во друштво на холандската манекенка Валентин Бесард, поради што повторно се разгореле шпекулациите за неговиот бурен љубовен живот.

Додека сопругот на Бланка Влашиќ бил облечен во темнозелен костум со интересен избор на обувки, неговата придружничка носела долг фустан со длабоко деколте во огнено црвена боја.


Гласините за нивната врска дополнително ги поттикнало и тоа што неодамна објавиле заедничка фотографија од еден хуманитарен настан, а под објавата во коментарите манекенката му оставила емотикон црвено срце, додека еден од коментарите под истата фотографија упатен до новинарот гласи: „Човеку, остави нешто и за нас“.


Рубен ван Гухт со месеци наназад го привлекува вниманието на јавноста поради „неразјаснетиот“ однос со хрватската атлетичарка Бланка Влашиќ, со која се венчал во 2022 година, а неколку месеци подоцна го добиле и синот. Во медиумите често се споменуваат поради нивниот отворен брак, но неодамна Бланка била забележана без бурма, па многумина заклучуваат дека во меѓувреме се случил и развод.

Инаку Валентин е многу активна на социјалните мрежи и е успешна манекенка, а наводно е 18 години помлада од Рубен.


Нивното заедничко појавување на оваа спортска манифестација многумина го коментираат како потврда за романса.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk