Деновиве, Мис Гренланд 2024 е многу популарна на социјалните мрежи, а се работи за прекрасната Наја Мароси која влезе во историјата како прва претставничка на Гренланд на изборот за Мис Гранд Интернешнл.
Наја, која на Инстаграм се претставува како Наја Матилде Росинг, ја освоила престижната титула на натпреварот на кој учествувале 68 убавици.


Неодамна, таа ја предала својата круна на нова мисица, односно на нејзината наследничка, а кога ќе ги погледнете нејзините фотографии и снимки, ќе ви стане јасно зошто Наја повторно привлекла толку многу внимание…
„Сега го разбирам Трамп“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Икс, а корисникот се пошегувал со видеоклип од натпреварот во врска со моменталната ситуација со Гренланд и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Наја, која испишала историја, ја предала својата круна на крајот од 2025 година, а Вики Реблу Рис била прогласена за нова Мис Гренланд.