Американскиот автомобилски бренд во криза – ги губат купувачите и моделите

Супермен

21/01/2026

12:32

394

Големина на фонт

а а а

Продажбата на овој американски бренд минатата година се намалила за 28 проценти во споредба со 2024 година, а ситуацијата дополнително ја влошила одлуката за прекин на производството на моделот „Hornet“, второто најпродавано возило на брендот.

Иако „Hornet“ не постигна значаен пазарен успех, сепак пронашол 9.365 купувачи, што е повеќе од новиот „Charger Daytona“, кој привлекол само 7.421 купувачи.

За споредба, 27.056 модели „Challenger“ биле продадени во текот на 2024 година, што јасно го покажува падот на интересот за моменталната понуда на „Dodge“.


По повлекувањето на „Hornet“, „Dodge“ остана со само два модели во гамата исто како и „Chrysler“. Сепак, „Chrysler“ успеал да продаде повеќе возила и покрај застарената понуда, што дополнително ја нагласува длабочината на проблемите со кои се соочува „Dodge“.

Иако групацијата „Stellantis“ најавува инвестиции од 13 милијарди долари во Соединетите Американски Држави, поголемиот дел од тие пари се насочени кон брендовите „Jeep“ и „Ram“, додека „Dodge“ останува во втор план.

Единствената светла точка во понудата во моментов е „Durango“. Иако станува збор за модел кој е на пазарот со години, неговата продажба минатата година се зголеми за 37 проценти, на вкупно 81.168 возила, што е најдобар резултат од 2005 година.

Новата генерација на „Durango“ е најавена за производство во Детроит, но само од 2029 година, што значи дека сегашниот модел ќе остане во продажба речиси две децении.

Ако „Dodge“ сака да излезе од кризата, очигледно му е потребен соодветен почетен модел, стилски и попристапен кросовер. Претходните обиди, како што се „Hornet“ и претходниот „Nitro“, се покажaле како полусрдечни решенија.


Исто така, на понудата на „Charger“ ѝ недостасува попристапна верзија во рамките на пакетот R/T, со оглед на тоа што цените значително се зголемија во споредба со поранешниот „Chelinger“.

Во меѓувреме, конкуренцијата ја користи можноста. „Ford Mustang“ минатата година забележа зголемување на продажбата од три проценти што јасно покажува каде одат клиентите кои претходно го избрале „Dodge“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk