На социјалните мрежи се појавија бројни коментари поради ставот на Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, дека паровите не треба да брзаат со заеднички живот, особено на почетокот од љубовната врска.
Поради ова многумина ја нарекле старомодна, а иако знаела дека ќе има реакции и дека јавноста ќе ја осудува – била одлучна.
„Ако сте на почетокот од врската, пред сè не би требало да се вселите заедно. Не ми е гајле колку има или нема пари, вие сè уште не го познавате“, Мишел директно ѝ кажала на слушателка која раскажала дека една година е во врска со маж на кој наскоро му истекува договорот за наем на стан и кој ја прашал да живеат заедно.

Мишел смета дека вљубувањето може да се случи „веднаш“, но дека сепак љубовта е нешто друго и се гради со тек на време.
„Потребно е време за некој целосно да ви се отвори, да знаете дали вашите емоции ќе го издржат тестот на времето. Моја препорака е секогаш да си дадете време на себе, а заедничкиот живот треба да биде нешто за што ќе размислувате многу подоцна“, истакнала Мишел која е во брак со Барак Обама 33 години, а годишнината ја прославиле на почетокот од октомври минатата година.
Дел од корисниците на социјалните мрежи го поддржаа ставот на Мишел истакнувајќи дека дури откако почнале да живеат со партнерот го виделе неговото вистинско лице, додека други сметаат дека заедничкиот живот поради трошоци и заштеда не е паметна идеја бидејќи се работи за важен чекор во секоја врска.
Дел од коментарите гласат:
„Светот за којшто дели совети одамна е работа на минатото и не ја одразува ситуација во која повеќето луѓе се наоѓаат денес“.
„Кризата со цените на домување, особено наемот, навистина ја ограничи слободата на младите. Луѓето мора да носат тешки одлуки поради економската ситуација. Благодарам, Обама“.

„Се согласувам и не се согласувам. Убаво е да живееш сам неколку години по напуштањето на семејната куќа и да се посветиш на себе, но заедничкиот живот ги открива работите што инаку не би ги виделе. А сепак – да живееш сам е прескапо и ретко кој може да си го дозволи тоа“.
„Ја разбирам поентата, но многумина се принудени да носат такви нагли одлуки поради огромните трошоци за живот или лошата стартна позиција. Во идеален свет луѓето би можеле да избираат, но заедничкиот живот во еднособен стан честопати е поевтин и помалку стресен отколку споделување стан со пријатели или непознати цимери“.













