Освен заморот, во ова време од годината се јавуваат и други здравствени проблеми, како што се зголемено чукање или прескокнување на срцето, несоница, главоболка, болка во градите.
Каде е границата помеѓу пролетниот замор и сериозните срцеви проблеми, како да се спречат посериозни здравствени проблеми и кога е време да се обратиме кај лекар, објаснил кардиологот д-р Синиша Павловиќ, гостувајќи во Утринската програма на „RTS“.
Според неговите зборови, пролетниот замор најмногу е мит, бидејќи пролетта е промена што е значајна. Се менуваат атмосферскиот притисок, температурата, а нашето тело како една машина реагира преку кардиоваскуларниот систем.

„Нормално е телото да реагира на промена на годишните времиња, но треба да се обрне внимание на ризик-факторите, на исхраната, бидејќи нашата храна е создадена за нашите предци кои по десет часа работеле на поле. Помалку преработени месни производи во исхраната. Важно е да се води сметка за здравјето и да се следат симптомите, кои не треба да се разликуваат од вообичаените. Ако имаме несвестица, замор и други симптоми, треба да се обратиме на лекар“, истакнал кардиологот.
Влијание на временските промени врз срцевите болни
„Важно е повремено да се провери крвниот притисок. И премногу висок и премногу низок притисок може да даваат слични симптоми. Важно е секогаш, пред земање лек за покачен притисок, да се измери вредноста на притисокот. Препорака е притисокот да се мери седум дена континуирано, па да се обратите на лекар за определување на терапија“, истакнал кардиологот.

Кои физички активности се најбезбедни за срцето со доаѓањето на пролетта?
„Препорака е пешачење, тоа е најбезбедната физичка активност за срцето, бидејќи нема претерано оптеретување. Препорака е дневно да се поминуваат три до четири километри“, советувал кардиологот д-р Синиша Павловиќ.










