Пред Џон Ф. Кенеди Помладиот да ја запознае својата Керолин Бесет, тој беше еден од најпосакуваните ергени во Америка, познат по своите краткотрајни врски со актерките Сара Џесика Паркер и Брук Шилдс.
Брук Шилдс и Џон Ф. Кенеди Помладиот не биле заедно, но актерката неколку пати коментирала за страсниот бакнеж што се случил меѓу нив, а сега дала уште еден коментар и тоа во интересна форма.
Таа и нејзината ќерка Роуан Хенчи снимиле видео на социјалната мрежа ТикТок во кое ја пеат песната „Boom Clap“ од „Charli XCX“, а во него уште еднаш потврдила дека со Џон Ф. Кенеди Помладиот го имала едниот од најдобрите бакнежи во животот.
„Но, не заборавајте… тие никогаш не биле во врска“ напиша нејзината 22-годишна ќерка.
Потсетуваме 60-годишната актерка претходно коментирала за својата врска со синот на поранешниот американски претседател, кој загина во авионска несреќа во 1999 година заедно со неговата сопруга Керолин и нејзината сестра Лорен Бесет.
Двајцата се запознале додека скијале во Аспен во 1980-тите. За време на излет со семејството Кенеди во пабот, двојката скришно излегла на состанок.
„Тој рече: Дали сакаш да си одиме оттука? И јас реков: Па, да, сакам да си одиме оттука, Џон Кенеди“ изјавила актерката во интервју во 2023 година во шоуто на Хауард Стерн.

Иако никогаш не биле во врска, двајцата максимално ја искористиле својата случајна средба.
Шилдс споделила дека откако го добила едниот од „најдобрите бакнежи во нејзиниот живот“, таа „замрзнала“ при помислата дека би можело да има нешто повеќе меѓу нив.
„Беше повеќе од очекуваното. Усните се прекрасни, лицето е неверојатно, телото и тој како личност, а тој беше приземен, забавен и дрзок“, раскажала Шилдс.

Како што рекла, тогаш имала 19 или 20 години и сè уште била девица, па буквално му рекла:
„Навистина не сакаш да ја изгубам невиноста со тебе – бидејќи во мојот свет тоа значи дека сме во брак. Затоа направи си услуга, оди“ се наведува во книгата „ЏФК Џуниор: Интимна усна биографија“, објавена од РоузМари Теренсио и Лиз Мекнил во 2024 година.
„Помислив „О, Боже, се заљубуваш и ако спиеш со него, можеби никогаш повеќе нема да ти проговори. Не ја играв играта, навистина се плашев дека ќе бидам многу повредена. Бидејќи ако спиев со него, ќе му го дадев целиот мој универзум, моето срце, моето сè“ рекла актерката.

До крајот на скијачкото патување, актерката признала дека Кенеди дури и не ја погледнал, ниту разговарал со неа и дека така го покажал своето вистинско лице.
Иако нивната афера не траела, наградуваната актерка сè уште се сеќава на искуството со насмевка.
Шилдс своевремено открила дека била „лудо заљубена во него уште од тригодишна возраст“.
„Мајка ми Тери Шилдс велеше: „Тоа е момчето за кое ќе се омажиш“, тврдела актерката.












