Eucerin ja проширува својата линија на дерматолошки докажани производи за сончева заштита со новиот серум Sun Face Oil Control Daily UV SPF 50+.
Со новата формула, Eucerin дополнително ја зацврстува својата лидерска позиција како еден од водечките иноватори во областа на медицинската козметика во светот. Новото серумско решение комбинира напредна технологија за сончева заштита со современ пристап кон дневната нега на кожата.
Серумот претставува иновативна формула развиена за секојдневна употреба, особено во топлите денови, и е специјално прилагодена за мрсна и кожа склона кон акни. Со заштитен фактор СПФ 50+, производот обезбедува многу висока заштита од УВА и УВБ зрачење и помага во спречување на предвремено стареење на кожата предизвикано од изложување на сонце, и го зачувува здравиот и младешки изглед на кожата. Состојката Glycyrrhetinic Acid пак, ја поддржува природната способност на кожата за регенерација на кожната ДНК. Благодарение на Oil Control технологијата, збогатена со L-Carnitine, формулата помага во регулирање на себумот и контрола на сјајот, обезбедувајќи долготраен мат ефект без чувство на тежина на кожата во текот на денот. Ова го прави производот идеален како база за шминка, но и како самостоен чекор во утринската skincare рутина. Лесната текстура овозможува брзо впивање и долготраен комфор, без затнување на порите.

Дополнително, формулата е збогатена со Anti-Pollution Vitamin Booster, комплекс со витамини C, E и провитамин B5, кој обезбедува антиоксидативна заштита и помага во одбрана на кожата од слободни радикали и оксидативен стрес предизвикан од надворешни фактори како загадување и сино светло. Со ова, производот се позиционира како повеќефункционална дневна заштита која ја зајакнува кожната бариера, ја поддржува нејзината природна отпорност и нуди сеопфатна дневна заштита за модерниот урбан начин на живот.
Eucerin Sun Face Oil Control Daily UV Serum SPF 50+ е достапен во сите поголеми аптеки низ Македонија. За најдобри резултати, комбинирајте го со Dermopure Clinical гелот за миење лице и Triple Action серумот, трио што ќе ја одржува вашата кожа чиста, балансирана и заштитена во текот на целата година.










