[ФОТО] 2 збора, моќна порака и 16 март кој засекогаш ќе боли, сопругата на Андреј од ДНК 1 година по трагедијата: „Најдолгата година“

Точка

16/03/2026

10:00

2.233

Големина на фонт

а а а

16 март засекогаш ќе боли - некои болки едноставно не можат да ги искажат ниту зборовите. За некои загуби не постојат доволно реченици што можат да ја опишат празнината што останува зад нив.

Токму таква е болката што ја носи Наталија, сопругата на прерано починатиот Андреј од ДНК. Денес, една година по кобниот 16 март и трагедијата во Кочани, таа се огласи на социјалните мрежи и со кратка, но силна порака ја одбележа годишнината од загубата.

На својот Инстаграм стори Наталија објави заедничка фотографија со Андреј, а покрај неа напиша само два зборови:

„Најдолгата година“.


Во оваа година таа изгуби премногу. Но, уште поголема загуба доживеа нивната ќерка Јана, која расте без својот татко. Токму затоа, најголемата мисија на Наталија е да биде силна – пред сè за своето дете.

Иако болката е огромна, таа се труди да ѝ покаже на малата Јана дека животот мора да продолжи. На почетокот од месец март ја одвела во „Леголенд“ во Германија, со желба да ѝ подари насмевки и убави спомени, но и да ѝ покаже дека нејзиниот татко засекогаш ќе биде нејзин ангел чувар од небото.


Споменот за Андреј, како и за сите наши ангели од Кочани, останува длабоко врежан во срцата на многумина. Тие ќе останат незаборавени и непреболени.


Во меѓувреме, хуманоста и делото на Андреј не се забораваат. Тој постхумно доби благодарница од здружение на Македонци во Германија за неговата хуманост и несебична помош. Благодарницата ја прими неговата сопруга Наталија, која во таа прилика одржа и емотивен говор.