Објавена е листата на најдобрите градови на светот – првиот на листата нема да ве изненади, но третиот да! Заработуваат најмногу, нудат најдобар живот и владеат со планетата

Точка

23/03/2026

19:08

877

Големина на фонт

а а а

Кои градови денес навистина нудат најдобар баланс на живот – од економија и образование, до култура, храна и управување? Секоја година се поставува тоа прашање, а најновиот одговор го дава „Oxford Economics“, кој токму објави својот „Global Cities Index“ за 2025 година.

Анализата опфатила 1.000 најнаселени градови, кои се оценуваат врз основа на 27 показатели во пет категории: економија, човечки капитал, квалитет на живот, животна средина и управување. Секој град добива вкупна оценка.

Па, кој град го зазеде првото место за 2025 година? Њујорк е веќе втора година по ред на врвот на листата. „Големото јаболко“ оствари вкупна оценка од 100 и блесна во економската категорија благодарение на големиот БДП, високата заработка по жител и фактот што е седиште на многу корпорации.


Меѓутоа, не се истакнал кога станува збор за животната средина и управување – во тие категории бил рангиран на 168. и 161. место. Меѓу слабостите биле истакнати низок степен на еднаквост, високи трошоци за домување и недостаток на економска разновидност.

На второто место се наоѓа Лондон, кој ја задржа позицијата од 2024 година, со вкупна оценка од 98,5. Британската престолнина има слични слабости како и Њујорк, но се издвојува по големиот број универзитети, понискиот степен на емисија на штетни гасови и високата вредност на БДП.


Третото место му припадна на Париз, со оценка 94,4. Градот на светлината блесна во категориите човечки капитал и квалитет на живот, а големиот број културни и рекреативни содржини придонел за добриот резултат.


Првите пет места ги заокружуваат уште два американски града – Сан Хозе и Сиетл – додека дури осум американски градови се најдоа меѓу првите 20.

Ова се најдобрите градови во светот според „Global Cities Index“ за 2025 година:

1. Њујорк, САД

2. Лондон, Велика Британија

3. Париз, Франција

4. Сан Хозе, САД

5. Сиетл, САД


6. Мелбурн, Австралија

7. Сиднеј, Австралија

8. Бостон, САД

9. Токио, Јапонија

10. Сан Франциско, САД

11. Лос Анџелес, САД

12. Вашингтон ДЦ, САД

13. Даблин, Ирска

14. Стокхолм, Шведска


15. Сеул, Јужна Кореја

16. Цирих, Швајцарија

17. Осло, Норвешка

18. Копенхаген, Данска

19. Далас, САД

20. Торонто, Канада



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk