Шведскиот актер Александер Скарсгорд и понатаму вредно го промовира филмот „Pillion“, романтична комедија со БДСМ елементи, а секое негово појавување на промоциите веќе само по себе е моден настан.
Во соработка со стилистот Хари Ламберт, Скарсгорд свесно ги руши конвенциите на црвениот килим и потсетува дека машката мода не мора да биде ниту здодевна ниту предвидлива. Берлинската проекција на филмот беше нова можност да го докаже тоа.
За специјалната проекција на „Pillion“ во Берлин, Скарсгорд избрал модно парче од машката колекција на Диор за новата сезона есен/зима.

Без ракави, со длабоко V-деколте, виолетов и сребрен вез, како и вметок во боја на крин.
Дизајнерот Џонатан Андерсон откри дека инспирација за ова модно парче му бил фустан од 1922 година на француската модна куќа Пол Поаре, а целиот изглед се повикува на раскошното женско облекување од ерата на 1920-тите.

Скарсгорд овој горен дел го искомбинирал со црни панталони од костум и чевли со четвртест врв. На црвениот килим се појавил заедно со колегата од филмот, актерот Хари Мелинг, кој во „Pillion“ ја толкува улогата на потчинет. Мелинг, за разлика од Александер, избрал класичен црн костум.
Берлинското појавување всушност е едно од помирните во модната хроника на Скарсгорд за време на оваа промотивна турнеја.
Актерот, кого „Вог“ го вброи меѓу најдобро облечените личности во 2025 година, редовно избира парчиња што ги предизвикуваат родовите норми и си игра со естетиката на фетиш-модата.

На разни појавувања досега носел креации на „Версаче“ од Дарио Витале, кратки панталончиња, маици со графички принтови, кожен халтер-топ од Лудовик де Сен Сернин и апостолки – сè во духот на актер кој воопшто не се грижи премногу за конвенциите.


Додека многу негови колеги на црвениот килим избираат класика во стилот на Дон Дрејпер, Скарсгорд својата оригиналност ја носи отворено и без извинување.