Фотографиите на 32-годишната инструкторка го преплавија интернетот, а за нејзината диета исто така многу се зборува

Точка

02/04/2026

11:38

992

Големина на фонт

а а а

Анлела Сагра е меѓу најпознатите светски фитнес инфлуенсери и модели, а нејзиниот пат до глобалната популарност претставува типичен пример за тоа како социјалните мрежи го променија начинот на градење кариера во фитнес индустријата.

Родена на 6 октомври 1993 година во Колумбија, Сагра првично планирала да се занимава со моден дизајн и класичен моделинг, па дури и дипломирала моден дизајн. Сепак, случајна средба со тренер во теретана го променила нејзиниот професионален пат и ја насочила кон бодибилдинг и фитнес.

Нејзината трансформација била брза и впечатлива. За само неколку години тренинг, од витка девојка станала една од најпрепознатливите фигури во светот на женскиот фитнес моделинг. Веќе во 2013 година учествувала на своето прво фитнес натпреварување, каде што го освоила третото место, што дополнително ја зацврстило нејзината одлука да гради кариера во оваа област.


Денес, Сагра е позната како фитнес модел, личен тренер, инфлуенсер и промотивно лице на бројни спортски брендови. Нејзината популарност најмногу произлегува од социјалните мрежи, особено од „Instagram“, каде што објавува видеа од тренинзи, фотографии од трансформации и мотивациски пораки за своите следбеници.

Благодарение на таа содржина, собра повеќе од 13 милиони следбеници, со што стана една од највлијателните личности во фитнес индустријата на интернет.


Основата на нејзиниот професионален идентитет се дисциплината и исклучително строгата тренинг рутина. Сагра често тренира и до двапати дневно, а нејзиниот програм комбинира тренинг со тежини и кардиовежби со цел истовремено да гради мускулна маса и да одржува низок процент на телесни масти. Посебно ги нагласува вежбите како што се чучњеви, мртво кревање и вежби за нозе, кои ги смета за клучни за развој на силно и естетски обликувано тело.

Големо внимание посветува и на исхраната. Диетата на Анлела обично вклучува пет до шест помали оброци дневно, со акцент на протеини како пилешки гради, лосос и белки од јајца, во комбинација со зеленчук и здрави масти од јаткасти плодови, маслиново масло и јогурт. Сагра често практикува и т.н. „carb cycling“, односно наизменично менување денови со повисок и понизок внес на јаглехидрати со цел оптимизирање на согорувањето масти и енергијата за тренинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk