Европска авиокомпанија нуди 10 дена бесплатно патување и дури 43.000 евра: Условот за аплицирање е изненадувачки

Точка

09/04/2026

19:33

710

Големина на фонт

а а а

Земјата на огнот и мразот, величествениот Исланд е дефинитивно една од најфасцинантните дестинации во светот.

Оваа вулканска островска нација сместена среде северниот Атлантик е позната по своите драматични пејзажи, дива природа и сцени кои честопати изгледаат како да доаѓаат од друга планета. Од моќни водопади и глечери до црни песочни плажи и гејзери, Исланд секогаш е прекрасен, а посебен шарм му дава и познатата северна светлина, аурора бореалис - сонот на секој патник. Природните феномени на оваа нордиска земја се вистински магнет за фотографите од целиот свет, без разлика дали се професионалци или аматери.


Недостатокот на знаење и искуство во овој случај ќе ви бидат од корист

Токму врз оваа репутација се темели новата, многу интересна кампања на „Icelandair“, исландската национална авиокомпанија. Како што објави порталот „Time Out“, наместо да бара врвни професионалци со импресивни портфолија, компанијата одлучила да го направи сосема спротивното: да пронајде личност која, барем според сопственото признание е лош фотограф.

Авиокомпанијата „Icelandair“ ја започна кампањата „Навистина лош фотограф“ (Really Bad Photographer) нудејќи целосно платено десетдневно патување во Исланд, заедно со уште една прилично неверојатна награда: околу 43.000 евра за еден среќен учесник. За возврат, од избраниот кандидат се очекува за време на патувањето да ја фотографира исландската природа, но без никакво професионално знаење или искуство.


Исланд е толку прекрасен што дури и најлошиот фотограф може да направи фантастична фотографија

Целта на кампањата, како што објаснува компанијата е да докаже едноставна теза: речиси е невозможно да се направи лоша фотографија во Исланд. Има толку многу импресивни сцени на секој чекор што дури и лице без никакво фотографско или техничко знаење може да направи фантастична фотографија.

Недостиг од места за фотографирање во Исланд нема. Земјата е полна со драматични пејзажи: од вулкани, глечери и кристално чисти езера до моќни гејзери и црни песочни плажи. Покрај тоа, Исланд е познат по својот необичен свет на фауна, како и по можноста да се фати редок момент од северната (поларна) светлина или интересна средба со дивиот свет, пишува порталот „NPR“.


Победникот ќе помине 10 дена во Исланд

И токму затоа „Icelandair“ сака да направи мал експеримент: ќе му овозможи на лице кое нема фотографско искуство да ја фотографира убавината на земјата и да му покаже на светот дека искуството зад објективот не мора да биде клучно кога пејзажот е толку спектакуларен. Конкурсот, за потсетување е отворен исклучиво за аматери, а условите за аплицирање се доста необични.


Имено, кандидатите не смеат да бидат професионалци, па дури е пожелно често да бидат разочарани од сопствените фотографии. Избраното лице ќе помине 10 дена во Исланд во јуни, за време на кои ќе фотографира природни убавини и ќе го документира своето искуство. Патувањето вклучува повратен авионски билет, сместување и џепарлак, а за возврат, победникот ќе му дозволи на „Icelandair „да ги користи неговите фотографии за промотивни цели.


Ќе мора да одговорите на шест прашања, а можете да приложите и кратко видео

За да учествувате во натпреварувањето, мора да имате најмалку 21 година, да имате важечки пасош, да бидете спремни да патувате во Исланд и да имате можност да патувате во Обединетото Кралство и САД.


Апликациите се поднесуваат преку официјалната веб-страница „reallybadphotographer.com“, каде што заинтересираните мора да одговорат на шест прашања од формуларот за апликација. Кандидатите можат да приложат и видео од 60 секунди во кое објаснуваат зошто треба да станат „најлошиот фотограф во Исланд“. Апликациите се отворени до 30 април 2026 година.