Леа Халтон доаѓа од Австралија, а кога се појави на „Коачела“, речиси како светот да застана, особено во ова издание.
Австралиската инфлуенсерка Леа Халтон (24), која воедно е и познат модел и исклучително популарна на ТикТок, се појави на музичкиот фестивал „Коачела“ и веднаш на интернет ѝ ја доделија титулата „најубавата жена на светот“.
На социјалните мрежи ги покажа своите модни комбинации за третиот ден од популарниот фестивал кој собра бројни славни личности, а на многумина на прв поглед им се чинеше дека станува збор за „AI совршенство“.
Леа има дури 22 милиони следбеници на мрежите, а се прослави во 2024 година кога објави видео на кое пее на плејбек. Видеото брзо стана вирално, а до денес има собрано повеќе од една милијарда прегледи.
Еден од комплиментите упатени до младата ѕвезда гласи: „Ма, ова е AI, никој не може да биде толку совршен“. Други ѝ порачаа дека е „икона“ и „кралица на Коачела“, „најубавата девојка на светот“ и уште многу слични пофалби.
„Како што многумина од вас знаат, веќе четири години објавувам видеа на Јутјуб и тоа секогаш ќе биде моја страст. Неверојатно е што овој пробив се случи за толку кратко време. А на вас кои штотуку почнавте да ме следите, се надевам дека ќе уживате додека ме запознавате“, им порача таа на своите обожаватели.