[ФОТО] Врската со мегапопуларната пејачка целосно го променила поранешниот премиер: „Ова е лудо…“

Супермен

17/04/2026

14:44

613

Големина на фонт

а а а

Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо ја носеше титулата најдобро облечен маж во светот на политиката додека ја извршуваше својата функција.

Меѓутоа, откако поднесе оставка, Трудо помина низ драстична трансформација и наместо дотеран премиер, стана поопуштена и полежерна верзија од себе.


Неговиот изглед и однесување дополнително се променија поради врската со пејачката Кејти Пери. Парот е заедно подолго време, а врската јавно ја обелоденија кон крајот на минатата година. Оттогаш, Џастин се приспособил на својата нова титула – момче на поп-ѕвезда.


Така, во ноември на Инстаграм сподели фотографија од истетовирана рака, а истовремено ги повика следбениците да се вакцинираат против грип. „Денеска примив вакцина против грип и против ковид-19. Тоа е едноставен начин да се заштитите себеси, своите најблиски и нашите здравствени работници. Ако сè уште не сте примиле вакцина, закажете во локалната аптека или клиника“, напиша тој.


Сепак, неговата порака падна во втор план поради селфито што го објави. Додека на некои им се допадна неговиот нов изглед и му порачаа дека изгледа „кул“, многумина се пошегуваа дека тој не е заслужен за неговата промена. „Ова е фотографија што сигурно ѝ ја испратил на Кејти Пери“, напиша еден следбеник.



Својата трансформација Џастин ја покажа и минатиот викенд, кога со девојката присуствувал на фестивалот Коачела. Пери сподели неколку видеа и фотографии од фестивалот, вклучувајќи и една на која таа и Трудо се држат за раце. Поранешниот премиер бил облечен лежерно, во бела маица и фармерки, а носел и качкет.


„Да се види поранешен премиер во клуб е лудо“, „Џастин Трудо изгледа младолико, среќно, фокусиран е на животот“, „Џастин, добро ти прилега животот без стрес“, беа дел од коментарите.

Меѓутоа и Пери морала да го промени својот моден стил поради политичките обврски на Џастин. Во јануари таа пристигна на Светскиот економски форум во Давос во придружба на поранешниот премиер, отфрлајќи ги своите класични модни комбинации па избра нешто попристојна модна комбинација. Имено пејачката носела џемпер и подолго здолниште, а косата ѝ била собрана во пунџа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk