[ФОТО] Ивана Кнол се соблече во минијатурно бикини на снег: Хрватската навивачка ги почести следбениците со жешко издание

Супермен

17/04/2026

18:51

1.032

Големина на фонт

а а а

Хрватската навивачка Ивана Кнол „го запали“ Инстаграм објавувајќи фотографии од Швајцарија на кои позира на снег во минијатурно бикини.

Изгледот го надополнила со очила за сонце и чизми. Таа настапувала како диџејка во Нендаз, а во описот навела:

„Не би била јас ако не завршам во бикини на снег по настап. ‘Снежната вибрација’ беше нереална... Ви благодарам за енергијата“. Во коментарите на Инстаграм доби бројни комплименти за изгледот.


„Прекрасна“, „За неа никогаш нема зима“, „Родена за бикини“, се дел од нив. По Швајцарија, Ивана Кнол настапува во Ванкувер.

Неодамна откри дека ѝ се остварил најголемиот сон – како диџејка ќе настапува на полувремето на пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Колумбија во Орландо во пресрет на Светското првенство.

„Мислам, што да кажам? Еве, солзи радосници сè кажуваат. Го најавив својот најголем настап досега. Тоа беше мој сон кој сега се оствари, така што настапувам на стадион за Хрватска. Неописливо е колку години и колку труд вложив за да стигнам до денес, и еве, пресреќна сум. Да кажам, манифестирањето функционира“, изјавила Хрватката за „IN Magazin“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk