[ВИДЕО/ФОТО] Адам Сендлер на удар на критики поради изданието во кое се појави на премиерата на филмот на сопругата: „Можел малку да се потруди“

Супермен

27/05/2026

11:46

748

Големина на фонт

а а а

Адам Сендлер се појави на „Netflix“ премиерата на филмот „Office Romance“ за да ѝ даде поддршка на сопругата Џеки Сендлер, која глуми во ова остварување. Сепак, најголемо внимание не привлече самото негово појавување на црвениот тепих, туку облеката што ја носеше, а која брзо предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Актерот пристигна во широк портокалов дуксер со качулка, сини тренерки и патики, а неговиот изглед веднаш стана тема на интернет. Многумина на социјалните мрежи неговиот моден избор го оценија како несоодветен за ваков настан.

Расправа на интернет поради облеката

Неговото препознатливо лежерно издание предизвика поделени реакции на Редит, иако Сендлер е познат по тоа што речиси секогаш се облекува така, без разлика на пригодата. Дел од корисниците неговиот избор го нарекоа срамен.

„Да му беше навистина ‘сеедно’ како што се претставува, никогаш немаше да го гледаме на папарацо фотографии или во филмови. Не можам да го поднесам, слободно напаѓајте ме“, напиша еден корисник.


Некои се согласија дека можел да вложи повеќе труд. „Едно е кога ги промовира сопствените проекти, но кога станува збор за работата на неговата сопруга, човек би помислил дека барем можел да облече панталони и поло маица“, стои во еден од коментарите.

Друг корисник додаде: „Има доволно пари за да му биде удобно, а притоа да не изгледа како пензиониран Били Медисон“.

Има и такви што го бранат

Од друга страна, многумина не видоа ништо спорно во неговиот изглед. „Тој никогаш не рекол дека му е сеедно, ниту така се однесувал. Едноставно не сака да носи одело“, напиша еден од оние што застанаа во негова одбрана.

Друг коментар гласеше: „Тој е маж. Мажите смеат да носат што сакаат. Седа коса, удобни чевли и удобна облека – и понатаму им е дозволено да постојат“.


Еден корисник истакна дека богатството игра голема улога во начинот на кој луѓето го доживуваат неговиот стил. „Тој е богат, тоа е разликата. Ако јас дојдам на некој елегантен настан облечен како него, ќе ме замолат да си одам“, напиша тој.

Модна икона или обична немарност?

Иако неговиот стил не им се допаѓа на сите, Сендлер во одредени кругови токму поради опуштените комбинации стекна статус на своевидна модна икона. Гостувајќи во емисијата „Jennifer Hudson Show“, актерот го минимизираше тој статус и изјави дека неговиот секојдневен изглед е резултат на „човек што ќе отвори куфер и само ќе нафрли нешто на себе“.

Во разговор со Тикток креаторот Мистери Фешнист, Сендлер призна дека неговиот изглед „едноставно се случува“, без какво било претходно планирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk