Возачите масовно го користат ова копче за време на пеколните горештини: Автомобилот се лади многу побрзо отколку само со клима

Супермен

28/05/2026

10:39

577

Големина на фонт

а а а

Рекордниот мајски топлотен бран продолжува и во наредните денови, а возењето на високи температури за многумина станува вистински предизвик.

Автомобил оставен на сонце за само неколку минути може да се претвори во вистинска печка, а клима-уредот често не успева веднаш да ја разлади внатрешноста. Поради тоа, возачите сè почесто споделуваат трик со едно копче на контролната табла кое помага кабината да се излади многу побрзо.

„Не мора целосно да се потпирате само на климата ако ја користите оваа помалку позната функција на инструмент-таблата“, наведува порталот „Express“.


Станува збор за копчето со симбол на автомобил и стрелка во внатрешноста, односно функцијата за рециркулација на воздухот. Таа овозможува воздухот што веќе е изладен во кабината да циркулира, наместо системот постојано да внесува топол воздух однадвор.

Токму поради тоа, внатрешноста на возилото може да се разлади многу побрзо, дури и кога клима-уредот не работи со максимален капацитет. Дополнителна предност е што оваа функција им помага и на луѓето кои имаат алергии, бидејќи го намалува внесувањето полен и прашина преку вентилацијата.

„Замислете жежок летен ден и автомобил кој со часови бил на сонце. Копчето за рециркулација на воздухот тогаш станува одлично решение за побрзо разладување на кабината. Системот повторно го користи веќе разладениот воздух и така температурата значително побрзо опаѓа“, објаснил портпарол на компанијата „UK Car Discount“.


Тој додава дека без активирана рециркулација, системот постојано вовлекува жежок воздух однадвор, па климата мора многу повеќе да работи за да ја постигне саканата температура.

Експертите советуваат најпрво накратко да се отворат прозорците за да излезе насобраниот топол воздух, а потоа да се вклучат климата и рециркулацијата. На тој начин автомобилот побрзо ќе се излади, а ќе се намали и потрошувачката на енергија и гориво. За време на екстремни горештини, оваа функција може да направи голема разлика, особено кога возилото е паркирано директно на сонце.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk