Макрон ги рекламираше пред цел свет, а тие банкротираа: Работниците остануваат на улица

Супермен

04/06/2026

08:43

1.566

Големина на фонт

а а а

Француската компанија „Далоз“ (Dalloz Creations), производителот на сините стакла за очилата што ги носеше францускиот претседател Емануел Макрон на Светскиот економски форум во Давос на почетокот на годината, заврши во судска ликвидација, а 29 работници би можеле да ги изгубат своите работни места.

Компанијата се соочила со финансиски проблеми и покрај вниманието на медиумите што го привлече откако Макрон се појави во јануари носејќи очила во стилот на „Топ Ган“ со сини рефлектирачки стакла.


Францускиот претседател ги носеше десет дена за да го заштити окото по инфекција, а фотографиите ги обиколија светските медиуми.

Моделот на очила „Aviator Sun RX“ што го носи Макрон е произведен од компанијата „Roussilhe“ и се продава по цена од 659 евра и привлече големо внимание од јавноста.

Компанијата „Dalloz“ потоа отворено ја поздрави неочекуваната глобална промоција, очекувајќи дека таа може да ја зголеми продажбата, но тоа не го запре финансискиот пад.

Во француските регистри на компании и деловните бази на податоци сè уште е наведена компанијата „Dalloz“ како активен правен субјект, но со ознака „liquidation judiciaire“ (судска ликвидација во тек), што е вообичаено додека е во тек процесот на ликвидација и продажба на средства.

Од јануари 2024 година, компанијата е во процес на „redressement judiciaire“ (судски надзор на реструктуирањето), но планот за опоравување не успеал да го стабилизира бизнисот или да обезбеди продолжување на производството.


Компанијата „Daloz“ е основана во 1957 година од Кристијан Далоз, а компанијата станала позната по производството на висококвалитетни очила за сонце.

Нејзиниот основач се смета за еден од пионерите во употребата на поликарбонат во оптичката индустрија.

Во последниве години, компанијата се обидела да се позиционира во сегментот на премиум производи и да врати дел од производството во Европа, но таквата стратегија не успеа да го спречи влошувањето на деловните резултати.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk