Ријалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер го привлече вниманието на своите следбеници со новите фотографии што ги сподели од одморот на островите Туркс и Каикос, каде што моментално престојува по повод промоцијата на летните производи на својот козметички бренд.
На фотографиите снимени за време на зајдисонцето на плажа, Џенер позира во долг бел фустан со тесен крој, отворен грб и длабоки странични изрези. Стајлингот го надополнила со големи сребрени обетки и светкава чанта, додека косата ја носела залижана и собрана во долга плетенка.

Објавата брзо го привлече вниманието на обожавателите кои во коментарите го пофалија нејзиниот моден избор. Меѓу бројните реакции се најдоа коментари како: „Ова е уметност“, „Изгледаш неверојатно“ и „Кралица на летниот стил“.

Исто така, Кајли објави и низа фотографии на кои позира на бел песок во минијатурно бикини со војнички дезен, додека ужива во топлите сончеви зраци и опуштената атмосфера.
На поединечни фотографии седи на лежалка со слушалки во ушите, додека на други кадри позира покрај морето.

Инаку, Туркс и Каикос веќе со години важи за една од омилените дестинации на светските ѕвезди, пред сè поради недопрената природа, тиркизното море и луксузните ресорти што нудат целосна приватност.






