Фудбалската репрезентација на Јапонија освои голем бод против Холандија, откако одигра 2:2 во натпревар полн со пресврти, но по мечот главна тема стана необичниот потег на селекторот Хаџиме Моријасу.
Додека неговиот тим во завршницата бркаше негатива од 1:2, јапонскиот стратег одлучи на несекојдневен начин да им испрати порака на своите фудбалери.
Моријасу и членовите на стручниот штаб во последните минути од натпреварот подигнуваа бела табла со бројки, покажувајќи им на играчите колку време останува до крајот на средбата.
Најпрво ги покажуваа бројките четири и пет, а потоа почнаа да одбројуваат како што натпреварот се приближуваше кон самиот крај. Необичниот метод предизвика насмевки на трибините и на социјалните мрежи, но многу брзо доби и совршен епилог.
Јапонија во 89. минута стигна до израмнување, кога Даичи Камада ја затресе мрежата за конечни 2:2.
Многумина по натпреварот оценија дека токму пораката за итноста на ситуацијата дополнително ги мотивирала јапонските фудбалери до последниот момент да веруваат во позитивен резултат.
EL MÉTODO MORIYASU 🇯🇵📋
— TyC Sports (@TyCSports) June 14, 2026
En el marco del estreno mundialista en Dallas que terminó 2-2 ante Países Bajos, el entrenador de Japón realizó indicaciones con una pizarra. pic.twitter.com/HoJegKwy3n
Холанѓаните во текот на мечот двапати имаа водство. Најпрво погоди Вирџил ван Дајк, потоа израмни Накамура, за Крисенсио Самервил повторно да ги доведе „Лалињата“ во предност.
Сепак, Јапонија не се предаде, а погодокот на Камада во самиот финиш донесе заслужен бод и одлична позиција пред продолжението на натпреварувањето во Групата Ф.
Потегот на јапонскиот селектор го коментираа и стручните аналитичари на британската телевизија „ITV“.
„Би сакал само да имаа уште една табла на која пишува: Бидете храбри и играјте поблиску до вашите можности“, низ шега изјави Постекоглу.
Јапонија така остана непоразена на Светското првенство, додека таблата на Моријасу со одбројувањето на времето преку ноќ стана еден од најинтересните симболи на досегашниот тек на турнирот.











