[ВИДЕО] Бизарен и опасен тренд меѓу возачите на „Tesla“ во Кина: Со пластични глави ги мамат безбедносните системи

Супермен

19/06/2026

16:29

749

Големина на фонт

а а а

Стратешки поставените гаџети со реалистични црти на лицето успешно ги исполнуваат критериумите на „Tesla“ за надзор на возачот.

Во кинеските онлајн-продавници се појави бизарен, но исклучително баран производ – мали пластични глави кои служат за мамење на безбедносните системи на „Tesla“.

Овие гаџети чинат меѓу 20 и 45 евра, а се продаваат како „украс за инструмент-таблата“.

Како точно функционира најновата и најчудна ескалација во постојаната војна меѓу камерите на „Tesla“ и возачите кои сакаат да ги измамат? Всушност, зачудувачки едноставно.

Системот за надзор на „Tesla“ користи внатрешна камера која ја следи положбата на главата и движењата на очите за да се осигура дека возачот да не го трга погледот од патот. Меѓутоа, стратешки поставена пластична глава со реалистични црти на лицето очигледно ги исполнува критериумите на овој систем.

Еден сопственик на „Tesla Model 3“ во Кина искористил лажна глава и успеал да вози дури 30 минути без ниту едно предупредување. За тоа време, со едната рака јадел сончоглед, со другата снимал видео, а возилото тешко повеќе од две тони се движело по автопат без никакво внимание од страна на возачот.

Продавачите нудат сѐ – од фигури на познати личности до мали екрани кои прикажуваат очи што трепкаат. Рецензиите на купувачите јасно покажуваат дека нивната цел е слобода да гледаат во телефонот, да јадат или да спијат додека автомобилот се движи.


Ова, всушност, не е однесување што досега не сме го виделе, туку само негова нова форма.

Првата генерација на овие „помагала“ беа тегови за воланот, кои ги мамеа сензорите да мислат дека некој ги држи рацете на управувачот. Кога регулаторите го забранија тоа, „Tesla“ воведе внатрешна камера како попаметно решение. Сега таа паметна технологија е надмудрена од обична пластична играчка од 20 евра.

Последиците од ваквото возење не се теоретски и можат да бидат фатални. Иако нудат одредено ниво на автономија, системите на „Tesla“ и понатаму бараат од возачот во секој момент да го следи патот и да биде подготвен да ја преземе контролата над воланот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk