Мурињо застана зад Артета: Ако Арсенал се обидеше да биде втор Манчестер Сити…

Дерби

25/06/2026

11:14

389

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо има пад во тренерската кариера, но без разлика на тоа Флорентино Перез одлучи да му даде нова шанса и Португалецот во новата сезона ќе го гледаме на кормилото на Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаа доста проблеми во претходните две сезони и времето ќе покаже дали Мурињо е вистинскиот човек за да ги реши истите и го изведи максимумот од групата која ќе ја има на располагање, а во меѓувреме трофејниот стручњак застана зад Микел Артета и неговиот стил на игра кој му донесе титула на Арсенал во Премиер лигата.

„Топчиите“ по повеќе од две децении станаа шампиони на Англија, играа и во финалето на Лигата на шампионите, меѓутоа без разлика на резултатите многу се говори, се говореше за начинот на игра пред се фокусот на погодоци од прекини.

- Денес, но дури и порано, постоеше глупава теорија „Можеш да бидеш одличен без да победуваш“. За мене, тоа е тотално глупаво. Тоа е спротивно на природата на спортот, бидејќи во спортот, целта е да се победи. Не ми се допаѓа тоа [критика за стилот на игра]. Не се согласувам со тоа. Мислам дека луѓето работат и се обидуваат да победат со најдобрите квалитети што може да ги има вашиот тим.

- Во однос на Арсенал, верувам дека ако Арсенал се обидеше да биде втор Манчестер Сити, веројатно немаше да победи. Затоа победија. Мора да ги почитувате победниците. Ова е она што го правам во однос на Арсенал, но не, не, не се осврнувам назад, не се споредувам со нив. Бидејќи на крајот на денот, тој тим на Интер што ја освои таа Лига на шампиони – пред тој иконски дефанзивен натпревар каде што игравме со 10 играчи повеќе од еден час – една недела претходно, ја победивме Барселона со 3-1.

- И луѓето не зборуваат за постигнување три гола и победа од 3-1 против Барселона. Тие претпочитаат да зборуваат за она што јас го сметам за еден од најдобрите одбранбени перформанси на тим кој со 10 играчи се спротивстави повеќе од еден час против најдобриот тим во светот во тоа време.

- Исто така, станува збор за неверојатно играње и постигнување многу голови. И тоа е неверојатно бидејќи Барселона се смета за тим кој игра неверојатен фудбал. Барселона се смета за тим кој постигнува многу голови. Но, ова е голема контрадикција. Тимот кој постигна [најмногу] голови во историјата на шпанскиот фудбал беше мојот Реал Мадрид во сезоната 2011-12, со 121 гол и 100 бода во една сезона. Колку дефанзивен беше тој тим?, - истакна Мурињо.