[ВИДЕО] Луис Хамилтон за првпат проговори за врската со Ким Кардашијан: Таа е заслужна што сум посреќен

Супермен

03/07/2026

13:35

661

Големина на фонт

а а а

Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, првпат јавно го коментираше својот однос со американската претприемачка Ким Кардашијан.

Гласините за можна романса меѓу 41-годишниот Хамилтон и 45-годишната Кардашијан дополнително се засилија во текот на минатата година, откако таа повеќепати беше видена на трките во Формула 1, вклучувајќи ги Големата награда на Мајами и Големата награда на Монако. Иако и двајцата настојуваа својот приватен живот да го задржат подалеку од јавноста, британскиот возач сега за првпат одлучи да проговори на таа тема.

Хамилтон зборуваше за сето тоа за време на средбата со навивачите во Силверстоун, во пресрет на Големата награда на Велика Британија. Водителот Дејвид Крофт тогаш истакна дека Хамилтон оваа сезона изгледа посреќен.

„Луис, и на патеката и надвор од неа, годинава си видливо подобар и посреќен. Убаво е да се види тоа“, рече Крофт, по што следуваше аплауз од публиката.

Еден од присутните навивачи потоа дофрли прашање што предизвика смеа во салата: „Дали тоа е поради побрзиот болид или поради новата девојка?“.

Хамилтон на тоа со насмевка кратко одговори: „Добро прашање“.

Потоа водителот се пошегува, алудирајќи на ситуацијата од Големата награда на Монако, кога Кардашијан случајно ја земала крпата што му припаѓала на возачот Кими Антонели.

„Знаеш зошто те прашуваме. Само сакаме да знаеме дали на Кими му требаат две крпи“, рече Крофт.

Хамилтон потоа зборуваше за својот тим „Ferrari“ и за предизвиците низ кои минуваат.


„„Ferrari“ е најлегендарниот тим во историјата на Формула 1. Поминаа низ тежок период, но станува збор за неверојатен тим што одлично ме прифати. Првата сезона беше тешка, но целиот труд што го вложуваме полека нè враќа таму каде што сакаме да бидеме“, рече Хамилтон.

На крајот, со насмевка, додаде кратка и многу значајна реченица:

„И секако, заслужна е Ким“.

Оваа изјава доаѓа неколку недели откако Кардашијан присуствуваше на Големата награда на Монако за да му даде поддршка на Хамилтон. Откако го освои второто место, Хамилтон од победничкиот подиум ѝ испрати бакнеж.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk