[ФОТО] Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски - Рози е дама со стил: Блесна во романтична креација од македонски бренд на „Охридско лето“, рамо до рамо со Гордана Силјановска-Давкова

Точка

16/07/2026

09:30

4.318

Големина на фонт

а а а

Рози Мицкоска беше меѓу забележителните гости на свеченото отворање на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, кое традиционално ги собира најистакнатите личности од политичкиот, културниот и јавниот живот.

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски привлече внимание со својот елегантен и префинет моден избор. За оваа пригода таа избра романтична креација од македонскиот бренд „EMILI“, која се истакнуваше со софистициран дизајн и внимателно изработени детали.


Фустанот со должина под колената беше изработен од нежен тул, со А-силуета која суптилно ја нагласуваше половината. Посебен акцент на креацијата беа впечатливите тродимензионални цветни апликации во горниот дел, кои му дадоа модерен, а воедно и романтичен изглед. Стајлингот го заокружи со шал изработен од истиот материјал, елегантни сандали и дискретен, минималистички накит, останувајќи доследна на софистицираниот стил.

На свеченото отворање, Мицкоска беше сместена во првите редови, каде што седеше покрај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Инаку, отворањето на „Охридско лето“ и оваа година привлече бројни гости од земјата и странство, а покрај богатата културно-уметничка програма, вниманието традиционално го привлекоа и елегантните модни изданија на присутните.


Рози Мицкоска беше една од дамите чиј изглед предизвика позитивни реакции, а нејзиниот избор уште еднаш покажа дека класичната елеганција и внимателно одбраните детали остануваат безвременска комбинација.