[ФОТО] Го чекавме овој „жежок“ роденденски серијал фотографии: Никој не верува дека таа полни 60 години

Супермен

13/08/2026

16:17

612

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Хали Бери и понатаму е на одмор со свршеникот Ван Хант, а нејзините провокативни фотографии веќе неколкупати предизвикаа вистинска „бура“ на социјалните мрежи. На славната убавица не ѝ е непознато да покаже малку повеќе пред камерата, а сега позирала специјално по повод својот 60-ти роденден.

Жената-мачка, како што популарно ја нарекуваат е родена на 14 август, но роденденскиот серијал фотографии го објави порано.

„Доаѓам, шеесетта!“, напиша Бери.


На фотографиите таа позирала во црн плетен макси фустан со длабоко деколте, под кој не носела градник. Стајлингот го надополнила со повеќеслојни златни ланчиња, мали алки и лакирана кожена чанта.


На почетокот од овој месец, оскаровката објави уште една серија фотографии од тропскиот одмор што го поминува со свршеникот Хант. На објавата од 3 август стави само емотикон со сонце, а на фотографиите позирала во црн едноделен костим за капење со длабок изрез за време на зајдисонцето.


На последните две фотографии позирала во проѕирна наметка без горниот дел од костимот за капење, којa ја комбинирала со бикини со врвки.


Хали и Хант се заедно од 2020 година. Кантавторот од претходна врска го има синот Дрејк, додека Хали Бери со поранешниот партнер Габриел Обри ја има ќерката Нала. Ѕвездата на филмот „Catwoman“ подоцна со францускиот актер Оливие Мартинез го доби синот Масео-Роберт. Тие двајца беа во брак од 2013 до 2016 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk