[ФОТО] Поради 33 години помладата девојка трпи навреди: И покрај тоа, гордо се шета со неа

Супермен

24/08/2026

15:45

488

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на бендот „Ред Хот Чили Пеперс“, 63-годишниот Ентони Кидис и 30-годишната новинарка на „Вог“, Ајлин Кели биле на вечера во ресторанот Е Балди на Беверли Хилс. Фотографиите што ги објави „Just Jared“ го прикажуваат парот како се бакнува пред ресторанот, непосредно откако Кидис го критикувала и Вог Вилијамс.

Кидис и Кели ставиле кациги пред да се качат на неговиот мотоцикл што беше уште едно нивно јавно појавување кое секој пат привлекува внимание поради разликата од 33 години меѓу нив. Во април Кели директно се осврнала на врската со голема разлика во годините, кога за Вог објавила личен текст за врската со маж кој е повеќе од двојно постар од неа.


Иако Кели во текстот не го именувала Кидис, дотогаш неколкупати биле видени заедно. „Пипл“ објави дека почнувајќи од ноември 2025 година во повеќе наврати биле видени заедно, вклучувајќи ја сезоната на доделување награди во Лос Анџелес.


Тие биле фотографирани држејќи се за раце во Лос Анџелес, заедно присуствувајќи на настани и појавувајќи се еден до друг за време на сезоната на доделување награди.


Во текстот за „Вог“ објавен на 21 април, Кели напиша дека го запознала своето момче на роденденска забава откако се вратила од соло патување на Хаваи. За време на нивниот прв разговор, таа дознала дека тој повеќе од 20 години поседува куќа на истото мало место на Хаваи што таа го посетувала со години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk