„Најубавата Италијанка“ ги украде погледите со фотографии од фудбалскиот терен

Супермен

24/08/2026

18:52

590

Големина на фонт

а а а

Водителката на „DAZN“, Елеонора Инкардона, се врати на фудбалските терени со почетокот на новата сезона во италијанската Серија А. Првиот пренос сезонава го реализираше на „Сан Сиро“, каде што го следеше натпреварот меѓу Интер и Монца.

Враќање на „Сан Сиро“

Инкардона го следеше натпреварот покрај теренот во розов фустан. Во текот на летото известуваше и од Светското првенство, а по враќањето во Италија веднаш се врати на обврските поврзани со Серија А.

Следбениците ја опсипаа со комплименти

По натпреварот објави неколку фотографии од стадионот на Инстаграм, каде што ја следат околу 1,5 милион луѓе. Објавата на репортерката, која често ја нарекуваат и „најубавата Италијанка во спортското новинарство“, брзо го привлече вниманието на следбениците.


„Кралицата се врати!“, „Прекрасна си“ и „Секогаш маѓепсувачка, како и обично“ се само некои од коментарите. Еден следбеник напишал: „Сè си поубава и поубава“, додека друг додал: „Навистина извонредна“.

„Она што ќе го изградиме со труд останува дел од нас“

Со фотографиите споделила и подолга порака за работата и за сè што му претходело на нејзиното враќање на теренот. „Одморот годинава беше краток, веднаш по Светското првенство, од кое носам емоции и спомени за цел живот. Сепак, враќањето овде ме потсети колку ја сакам својата работа“, напишала.


„Научив дека најважно е постојано да вложуваме во себе и посветено да работиме. Сè околу нас може да се промени, но она што ќе го изградиме со сопствениот труд и одрекување станува дел од нас. Тоа никој не може да нѝ го одземе“, додала таа.

По враќањето од Светското првенство, Инкарлона водела и музички фестивал на кој настапи Роби Вилијамс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk