[ФОТО] Американски медиуми: Лука Дончиќ на луда забава со Плејбој зајачицата - Светот не престанува да зборува за наводната нова врска на славниот кошаркар

Супермен

26/08/2026

14:34

557

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ неодамна организираше забава во Словенија, а неговите соиграчи од Лос Анџелес Лејкерс имаа можност да го доживеат шармот на една балканска забава. Сепак, една дама го привлече вниманието на медиумите.

Лука Дончиќ овие денови престојува во Љубљана по бурното раскинување на неговата свршувачка со Анамарија Голтес. Според медиумските извештаи, тој ужива во слободното време и добрите моменти. Неодамна организираше забава за своите колеги кошаркари, која предизвика голем интерес кај светските медиуми.

На настанот присуствуваа многу познати ѕвезди, но беше проследен со строги правила - фотографирањето и снимањето во клубот било забрането, додека гостите морале да ги покријат камерите на своите телефони со специјални налепници, објавува словенечкиот „Дневник“.

Сепак, вниманието го привлекла една посебна дама, манекенката Ања Јенко, која „Њујорк пост“ веднаш ја поврза со Дончиќ.

„Лука Дончиќ и Лејкерси беа фатени како се забавуваат со Плејбој зајачицата за време на дива ноќ во Словенија“, пишува во веста.

Иако американските таблоиди во своите написи инсистирале дека меѓу нив постои посебен однос, словенечките медиуми, сепак, пишуваат дека нема сигурни информации дека Лука и Ања биле особено блиски во текот на вечерта.


Која е Ања Јенко?

Ања Јенко е 34-годишна манекенка и ќерка на политичарот Јакуб Јенко. Таа ја краси насловната страница на словенечкото издание на „Плејбој“, а денес ужива голема популарност на социјалните мрежи.


Таа често „објавува“ атрактивни фотографии на Инстаграм, кои честопати привлекуваат големо внимание во јавноста.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, познато е дека го има синот Лиам со поранешниот партнер Марио Пејчиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk