[ФОТО] Најстарата ќерка на Силвестер Сталоне се сврши: Актерот пресреќен, го покажа и идниот зет

Точка

29/08/2026

15:09

1.142

Големина на фонт

а а а

Софија Сталоне, најстарата ќерка на Силвестер Сталоне, на Инстаграм објави дека се свршила и предизвика лавина од коментари на оваа социјална мрежа.

Инаку Софија неодамна го прослави својот 30-ти роденден, а нејзиниот татко, Силвестер Сталоне, по тој повод се огласи на социјалните мрежи. Сепак, се чини дека ова не е единствената причина за славење во семејството на славниот актер, бидејќи Софија имала уште едно изненадување.

На Инстаграм таа објави дека се свршила со својот партнер Мајкл Шихан. Сподели низа фотографии на кои се прикажани прекрасни моменти, но и скапоцениот свршенички прстен.


На црно-белите фотографии може да се види дијамантскиот прстен, а на една од нив е прикажан и Мајкл како клечи опкружен со бели рози и свеќи.

Софија за оваа пригода одлучила да облече бел мини фустан, додека нејзиниот свршеник носел лежерна кошула и панталони во крем боја. Парот подоцна позирал пред ноќната панорама на градот, каде што идната невеста уште еднаш го покажа својот свршенички прстен.


Коментарите од нејзините обожаватели само се нижеа, а меѓу првите реагираа членовите на семејството Сталоне. Софија подоцна позирала и со своите родители, а самиот актер на својот Инстаграм профил објави фотографии со својата најстара миленичка.


„Пресреќни сме поради свршувачката на нашата ќерка со Мајкл“, кратко порача актерот.