[ФОТО/ВИДЕО] Младиот актер ги украде сите погледи на црвениот килим: Веднаш беше јасно кој му е татко

Супермен

14/09/2026

15:15

687

Големина на фонт

а а а

Аран Марфи, синот на славниот актер Килијан Марфи, сè посериозно почнува да се занимава со актерство, а неодамна добил улога во серијата „Youth“.

Во рамки на промоцијата на серијата, 19-годишниот актер се појавил на црвениот килим во Лондон, а неговите фотографии станаа вирални на социјалните мрежи – од прилично очигледна причина.

Имено, Аран неверојатно многу личи на својот татко, ѕвездата на серијата „Peaky Blinders“. Корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека младиот актер е „копија“ и „клонирана верзија“ на Килијан.


„Тоа е неговиот близнак“, „ДНК-тест не е потребен“, „Знаев кој му е татко уште пред да го слушнам“, „Да ми кажевте дека ова е Килијан во младоста, ќе ви поверував“, „Имаме уште еден Килијан за следните 20 години“, „Тој и неговиот татко би требало да бидат главниот доказ за теориите на заговор за клонирање. Сличноста е неверојатна“, беа само дел од коментарите.

Други истакнаа дека Аран не само што физички личи на својот татко, туку и звучи и се однесува речиси исто како него. Тие наведоа дека неговиот начин на изразување и држењето неодоливо потсетуваат на неговиот славен татко.


„Целосно ги усвоил манирите на својот татко. Се однесуваат сосема исто додека разговараат“, „Дури и гестовите им се слични, до најситниот детаљ“, „Исто како татко му – од гестикулацијата до ритамот на говорот. Гените на мајка му воопшто не се ни потрудиле“, коментираа обожавателите.


Аран покажал интерес за актерството уште како дете, а веќе на 11-годишна возраст играл улога во претставата „Hamnet“.


На филмското платно дебитирал во 2022 година во „Lola“, а потоа продолжил да реди улоги, меѓу кои и онаа во филмот „Klara and the Sun“, во кој глуми заедно со Џена Ортега и Ејми Адамс. Минатата година ѝ се приклучил и на актерската екипа на серијата „WAR“.


Освен Аран, Килијан со сопругата Ивон Мекгинис го има и синот Малаки. Парот е во брак од 2004 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk