Кој е супермилијардерот кој се збогатил од иранската блокада на Ормускиот теснец? Најбогатиот Африканец пред 2 години направил нешто поради што сите му предвидувале пропаст

Супермен

22/09/2026

21:05

1.337

Големина на фонт

а а а

Алико Данготе е нигериски супермилијардер и најбогат човек во Африка, за кого многумина надвор од Црниот континент никогаш не слушнале, но тоа не го спречило да стане уште побогат благодарение на војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец.

Во 2024 година, тој ја отворил најголемата рафинерија за нафта во Африка, во која инвестирал 20 милијарди долари.

Многумина предвидувале брз крах на бизнисот на овој претприемач од Нигерија, земја која ги има десеттите по големина нафтени резервати во светот и меѓу најголемите во Африка, но сепак не може да се натпреварува со главните играчи од Блискиот Исток.


Сепак, на крајот од февруари оваа година, САД и Израел го нападнаа Иран, а Техеран потоа воведе блокада на Ормускиот теснец, клучен поморски пат низ кој минуваат 20 проценти од сите енергенси што се продаваат во светот, а на што Америка подоцна одговори со контраблокада на иранските пристаништа.

Хаосот што се појави околу извозот на нафта од Блискиот Исток влијаеше на отворањето нови патишта за испорака на „црното злато“.

И токму овој хаос им донесе огромни профити на „новите нафташи“.


„Тежок“ 35 милијарди долари

Италијанскиот „Кориере дела сера“ наведува дека меѓу нив особено се издвојува името на Данготе, чие моментално богатство се проценува на 35 милијарди долари.

Колку добро „му тргна“ на најбогатиот Африканец покажува и фактот што неговата бизнис групација, која се занимава со производство на гориво, од вчера и официјално котира на берзата.


„Данготе рифајнери“ ја поседуваат веќе споменатата рафинерија, чија изградба чинела 20 милијарди долари и која е една од најголемите во светот.

Оваа постројка започнала со работа пред две години, кога енергетскиот пазар бил презаситен, односно понудата на гориво била поголема од побарувачката.

Ова била главната причина зошто се предвидувало дека Данготе брзо ќе стави катанец на таа рафинерија.

Капацитетот на рафинеријата е 700.000 барели сирова нафта дневно

Откако војната во Иран предизвика недостиг на бензин, дизел и керозин, горивото потребно за млазни авиони, оваа рафинерија, со капацитет за преработка на 700.000 барели сирова нафта дневно, стана клучна за снабдување не само на клиентите во Африка, туку и на многу европски земји.


На бранот на овој успех, за кој не е познато дали ќе биде долгорочен или само краткотраен, 69-годишниот бизнисмен сега сака да собере 1,6 милијарди долари на нигериската берза, откако ја процени својата деловна групација на вредност од 50 милијарди долари.

Сака да го поништи „нигерискиот парадокс“

Планирано е парите да се инвестираат во удвојување на производствениот капацитет на рафинеријата во Лагос и изградба на нова постројка во Кенија.

За да го направи ова, тој понудил акции на голем број мали инвеститори, со минимум четири долари по пакет акции.


Неговата цел е да достигне околу десет милиони акционери во проект што треба да го реши „нигерискиот парадокс“, фактот дека најголемиот африкански производител на нафта увезува бензин и дизел гориво – од Европа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk