„iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“ ги надминаа претходниците во првата недела од продажбата

Точка

29/09/2026

14:33

468

Големина на фонт

а а а

„iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“ во првата недела од продажбата во Кина ги надминаа своите претходници за 15 проценти, а поголемиот „Pro Max“ се покажа како нешто попопуларен меѓу купувачите.

Новите „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“ на „Apple“ бележат силен почеток на продажбата во Кина. Според проценките на „RD Observation“, во текот на првата недела од достапноста биле продадени околу 1,3 милиони примероци.


Станува збор за 15 проценти подобар резултат во однос на „iPhone 17 Pro“ и „17 Pro Max“ во истиот период минатата година, но притоа треба да се земе предвид дека минатогодишните „Pro“ модели од почетокот се продаваа заедно со основниот „iPhone 17“ и „iPhone Air“, додека оваа година купувачите кои ја сакаат најновата генерација засега можат да избираат само меѓу двата „Pro“ модели.


Колку добро стартуваа „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“ покажува и податокот дека нивната продажба во првата недела достигнала околу 90 проценти од вкупната продажба на целата минатогодишна линија на „iPhone“ во Кина во текот на нејзината прва недела од достапноста.


Интересно е и тоа што „iPhone 18 Pro Max“ се покажа како попопуларен модел. На него отпаднале 55,5 проценти од вкупната продажба на двата нови „iPhone“ модели, иако во периодот на претпродажба купувачите повеќе го претпочитале помалиот „Pro“, кој тогаш сочинувал околу 60 проценти од нарачките.


Да потсетиме, интересот за новата генерација беше видлив уште во текот на претпродажбата. Според претходните проценки, во Кина биле однапред нарачани околу седум милиони примероци од „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“, а одредени трговци брзо ги распродале достапните резерви.