[ФОТО] Се врати најскандалозната жена во светот, луѓето згрозени: „Ја заборавила маицата!“

Супермен

19/10/2026

13:49

1.804

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека на почетокот од бракот со Канје Вест привлекувала многу поголемо внимание со своите модни избори, сега не можеме да кажеме дека Бјанка Ценсори повеќе може да нè изненади.

Меѓутоа, таа повторно го привлекла вниманието, иако не шокирала со својот изглед за време на ноќно излегување со сопругот. Носела сè, а истовремено како да не носела ништо – Бјанка била облечена во црвена комбинација од здолниште и проѕирен мрежест горен дел, додека била на ноќно излегување со раперот во Лос Анџелес. Под горниот дел без прерамки не носела ништо, па градите ги покривала со раката.


Станува збор за комбинација од модната ревија на „Мовалола“ за пролет 2027 година, а токму на ист начин и манекенката на пистата ги покривала градите со рацете за да ги покрие проѕирните делови.

Под здолништето ѝ се гледала долната облека, додека со другата рака го држела својот сопруг за рака.

Сето тоа го комбинирала со црвени чевли со високи потпетици, додека својата сега портокалова коса ѝ била пуштена во нежни бранови. Вест, пак, носел тексас-комбинација со високи чизми. Двајцата се венчаа во 2022 година, по неговиот развод од Ким Кардашијан.


За изгледот на Бјанка повторно се дискутира на социјалните мрежи. Некои се воодушевени од нејзиниот стајлинг, додека на други и понатаму не им е јасно: „Која е поентата да се носи вакво нешто?“, „Луѓето навистина купуваат вакви парчиња облека“, „Ѝ треба некаква маица“, „Изгледа како некој да ја натерал да го облече ова“, коментираа дел од корисниците.

Други, пак, не се согласија со критиките: „Таа е толку кул“, „Ми се допаѓа оваа нејзина боја на коса“, „Неверојатно е згодна“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk