Синот на Пенелопе Круз и Хавиер Бардем за прв пат на филмското платно: Родителите 15 години го чуваа подалеку од очите на јавноста, а сега тргнува по нивните стапки

Точка

03/11/2026

12:47

3.004

Големина на фонт

а а а

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, златниот шпански пар, како што со право ги нарекуваат, со години се во центарот на вниманието, но една работа отсекогаш грижливо ја чувале – приватноста на своите деца.

За разлика од многу познати родители кои уште од најрана возраст ги носат своите „непо-бебиња“ на црвените теписи и ги претставуваат пред јавноста, тие одлучиле да ги држат синот и ќерката што подалеку од рефлекторите, папараците и љубопитните погледи. Сепак, петнаесетгодишниот Лео штотуку го направил првиот чекор кон светот од кој толку долго го штителе …

За филмот „Ла Бола Негра“ се зборува уште од мај, кога за првпат бил прикажан на Канскиот филмски фестивал. Каде и да го промовирала во изминатите месеци Пенелопе Круз, една од главните актерки, била испраќана со повеќеминутни овации. Сепак, во филмот се појавува уште некој – нејзиниот син Лео Енсинас Круз, за кого „Црната топка“ претставува филмско деби.


Неговата улога засега е многу мала, но веста за неговото филмско деби секако привлече големо внимание, особено поради фактот што за синот на најпопуларниот шпански пар речиси ништо не се знаеше. Интересно е што петнаесетгодишниот Лео нема ниту една реплика и се појавува во кратка сцена што се одвива во казино во Гранада.


*Пенелопе Круз во филмот „Ла Бола Негра“

Пенелопе и Хавиер имаат и ќерка, тринаесетгодишната Луна. Иако со задоволство даваат интервјуа и често ги гледаме во јавноста, популарните актери отсекогаш се труделе да им овозможат на своите деца што е можно понормално детство и растење, без притисоците што ги носи животот во семејство познато ширум светот.

Тие никогаш не ги носеле на јавни настани, ниту дозволувале да бидат фотографирани за списанија. Ретките фотографии што сепак се појавувале во медиумите најчесто биле направени од далечина, благодарение на папараците. Поради тоа, познатиот пар дури покренувал и судски постапки.


Лео и Луна немаат ниту профили на социјалните мрежи, а интересно е и тоа што тој го добил својот прв мобилен телефон дури пред неколку месеци. Пенелопе често зборувала за тоа колку ѝ е важно децата самите да одлучат дали сакаат да живеат под будното око на јавноста, нагласувајќи дека нема да се меша во изборот на нивната професија. Но, крвта не е вода … Како да се избега од толку големиот талент, благодарение на кој нивните родители ги освоија најголемите награди, вклучувајќи ги и Оскарите?

Лео очигледно уште на почетокот ја открил таа дарба во себе. Инаку, „Ла Бола Негра“ не е негово прво искуство од ваков вид, бидејќи летово учествувал во синхронизацијата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“, позајмувајќи му го гласот на еден од ликовите.


Неговиот прв вистински филмски чекор го прокоментирала и неговата тетка Моника Круз, исто така позната актерка. Како што истакнала, не е изненадена од интересот на Лео за оваа уметност, бидејќи неговиот талент сите во семејството го забележале уште кога бил мал.