Бијонсе по 20 години повторно се најде на насловната страница на британското списание „i-D“, на која позира покриена само со бело крзно, а на другите фотографии носи фармерки, проѕирна маица и впечатлив накит, а позира и топлес.
Фотографирањето е направено за специјалното издание на списанието посветено на нејзиниот бренд за нега на коса „Cécred“, кој оваа есен пристигна на британскиот пазар. „i-D“ денеска ја објави целата серија фотографии и интервјуто на својата веб-страница. Фотографиите се дело на Блер Колдвел, стилистка е Шиона Турини, шминката ја направила Франческа Толoт, а за фризурата бил задолжен Нил Фарина.
На насловната страница Бијонсе стои пред сива заднина, покриена со бело крзно кое ѝ се спушта до колената. Изгледот го надополнила со скапоцен ѓердан и бели салонки. Над неа се наоѓа големото зелено лого на списанието.
Во текот на целото фотографирање, пејачката носи долга, мокра, кадрава коса, бидејќи во фокусот е брендот за нега на коса. На црно-бела фотографија позира во проѕирна бела маица без ракави, која ја подигнува со раката, во комбинација со фармерки, големи обетки, нараквици и ѓердан со натписот „Cécred“. На неколку фотографии носи и накит за заби.


На фотографијата на која позира топлес, носи само фармерки, а градите ги покрива со рацете. На друга црно-бела фотографија е фотографирана одзади, додека ја чешла косата со широк чешел. Во бела маица без ракави, со големи прстени и обетки, позирала и во кадар одблиску.

Последен пат во списанието „i-D“ се појавила во 2006 година, кога го промовирала албумот „B'Day“. По повод 20-годишнината од објавувањето на тој албум, како што открила во интервјуто, ја извадила архивата на модната линија „House of Deréon“ и повторно облекла некои од парчињата што таа и нејзината мајка тогаш ги дизајнирале.
На прашањето кој е нејзиниот омилен фустан што го дизајнирала нејзината мајка Тина Ноулс, Бијонсе ја издвоила венчаницата, која, како што изјавила, била „прекрасно едноставна и изработена со нејзината љубов“.
„Имавме многу мала свадба во нашиот дом. На гостите им кажавме дека организираме забава и никој, освен нашите родители и неколку пријатели, не знаеше дека доаѓа на нашата свадба. Ми беше многу важно да носам фустан што го дизајнирала таа, поважно од кој било дизајнерски фустан“, рекла таа.














