Светската куќа на фудбалот го објави списокот на гласови: Еве кои не гласале ниту за Роналдо, ниту за Меси

Дерби

25/10/2017

10:48

790

Големина на фонт

а а а

И во втората година по одвојувањето на ФИФА од Франс Фудбал и „Златната топка“, Роналдо ја понесе најпрестижната награда од најважното тело во светскиот фудбал, одново добивајќи ја битката со Лионел Меси и Нејмар кои влегоа во потесниот круг во битката за најдобар играч.

По церемонијата светската куќа на фудбалот го објави списокот на гласови, кој за кого гласал, а секако најинтересен за медиумите е изборот на Роналдо и Меси како капитени на своите национални селекции. Ниту двајцата ни си дале бодови, односно офанзивницте на Реал и Барселона вака гласале:

Роналдо - Лука Модриќ (5 поени), Серхио Рамос (3 поени), Марселона (1 поен)

Меси - Луис Суарез (5 поени), Андрес Иниеста (3 поени), Нејмар (1 поен)

Но, имало и такви кои во гласањето не им дале бодови ниту на Меси, ниту на Роналдо. Таков е случајот со Мануел Нојер и селекторот на Германија, Јоаким Лев. Погледнете ја листата на селекторите и капитените кои немаат дадено глас ни за Роналдо, ни за Меси.

КАПИТЕНИ:

Мбвана Самата (Танзанија) – Нејмар, Канте, Обамејанг

Кавин Тамасачанан (Тајланд) – Нојер, Крос, Гризман

Шелдон Бато (Тринидад и Тобаго) – Буфон, Канте, Нејмар

Марио Харте (Барбадос) – Обамејанг, Гризман, Нојер

Елрој Смит (Белизе) – Рамос, Нејмар, Санчез

Мануел Нојер (Германија) – Крос, Левандовски, Видал

Ентони Грифит (Монсерат) – Суарез, Кејн, Канте

Чен Ји-Веи (Тајван) – Ибрахимовиќ, Марсело, Санчез

СЕЛЕКТОРИ:

Ендрју Орд (Бангладеш) – Суарез, Гризман, Буфон

Ахмед Мохамед (Барбадос) – Обамејанг, Канте, Нејмар

Теодор Витмор (Јамајка) – Нејмар, Рамос, Видал

Чан Хиу Минг (Макау) – Буфон, Левандовски, Модриќ

Хулен Лопетеги (Шпанија) – Рамос, Карвахал, Иниеста

Крис Колмен (Велс) – Рамос, Модриќ, Кејн

Ричард Орловски (Белизе) – Левандовски, Буфон, Иниеста

Јоаким Лев (Германија) – Крос, Нојер, Нејмар

Михаел Скибе (Грција) – Крос, Азар, Обамејанг

Стивен Филип Константин (Индија) – Обамејанг, Канте, Крос.