Погледнете кои компании престанаа да се рекламираат на Фејсбук по големиот скандал

Точка

30/03/2018

15:12

4.826

Големина на фонт

а а а

Во текот на овој месец, Фејсбук се најде сред скандал, кога се откри дека личните податоци на 50 милиони корисници “дошле” до рацете на компанијата “Кембриџ Аналитика” која потоа ги користела за да влијае врз нивното мислење за Доналд Трамп во текот на претседателската кампања во 2016 година.

Ваквиот скандал поттикна многумина да ги избришат своите профили и да го напуштат Фејсбук. На социјалната мрежа започна кампања #DeleteFacebook (Избришете го Фејсбук), а многу светски компании се приклучија на оваа иницијатива. 

Некои од компаниите кои се повлекоа од Фејсбук се Pep Boys, Playboy и Sonos.

Наспроти јавното извинување на Марк Закерберг, списокот постојано се зголемува, а на него се најдоа следните компании:

Tesla и SpaceX

Илон Маск се огласи на Твитер и како одговор на предизвикот, ги избришал страниците на Tesla и SpaceX иако секоја од нив имала над 2 милиони следбеници.


Playboy

Креативниот директор на Playboy, Купер Хефнер исто така објавил на Твитер дека официјалната Фејсбук страница на списанието ќе биде избришана.

Mozilla

Минатата недела се огласија и претставниците на Mozilla, изјавувајќи дека ќе направат пауза во рекламирањето по пат на Фејсбук.


Commerzbank

Втората најголема банка на Германија донела одлука да престане со огласувањето на Фејсбук.

“Привремено ги запираме рекламните кампањи на Фејсбук. Безбедноста на нашиот бренд и заштитата на податоци нѝ се од клучно значење”, изјавиле претставниците на банката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk