Како Мајкл Џордан го троши богатството од 1,65 милијарди долари?

Супермен

06/12/2018

14:51

3.072

Големина на фонт

а а а

Кога ќе ги прашате љубителите на кошарката кој е најдобар играч, сигурни сме дека повеќето ќе го издвојат Мајкл Џордан. Џордан беше легенда на 80-тите и 90-тите години и иако се пензионираше кон почетокот на 90-тите, тој оствари уште поголем успех и богатство по кошаркарската кариера.

Кога се пензионираше, Мајкл тогаш имал "само" 100 милиони долари, но сега успеа да се најде на листата на Форбс бидејќи е проценето дека неговото богатство вреди 1,65 милијарди долари, што е неверојатна количина на пари. Најголемиот дел од парите, кошаркарот ги заработил преку рекламни договори, а само од компанијата "Nike", тој на годишно ниво заработува повеќе од 100 милиони долари. 


Поради тоа, многумина се прашуваат како легендарниот кошаркар живее и на кој начин ги троши своите пари.

Првата работа која мора да се напомене е неговиот приватен авион кој го носи неговото лого и кој изнесува неколку милиони долари.


Следната работа на листата е неговата куќа од соништата кој сам ја дизајнирал, а која е проценета на неверојатни 12,8 милиони долари. Во склоп на домот, Џордан има и приватен терен за голф, опрема и неколку десетина голф возила.



Поранешниот спортист поседува уште една помала куќа која изнесува 2,8 милиони долари. Покрај овој имот се наоѓа езеро, така што Џордан во својот посед има и неколку бродови и глисери.


Секако, тој е голем љубител на автомобили па затоа во негово сопствеништво се наоѓаат и огромен број на луксузни автомобили чија вредност е непроценлива.


Меѓутоа, Мајкл не ги троши парите само за себе - тој донира огромен дел од своето богатство во добротворни цели со кое им помага на гладните и болни луѓе, но и се труди да опремува училишта и спортски сали за да им овозможи подобар живот на младите. Исто така, тој се фокусирал да им создаде удобен живот на своите деца со вложување во нивните работи и се труди од нив да направи бизнисмени и успешни луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk