Најбезбеден начин на јавен сообраќај: Москва добива самовозечки трамваи

Супермен

15/02/2019

14:11

1.824

Големина на фонт

а а а

Властите на Москва планираат до 2021-2022 година да ги пуштат првите трамваи “без возач” во сообраќај.

Проектот на самовозечките трамваи е развиен во соработка со PC Transport Systems и Cognitive Technologies, а за разлика од “автомобилите без возач”, оваа технологија, во случај на трамваите има значително помалку непознати додека возилото се движи по шините. 

Првите самовозечки трамваи веќе се појавија во Германија, во Потсдам, а во овој момент водечки земји на тоа поле се Германија, Русија и Кина.

Во наредните неколку месеци во Русија ќе започне тестирање на автономните трамваи, во текот на кои во кабината ќе се наоѓа оператор задолжен за надгледување на движењето на возилото. Првите тестирања ќе се вршат во контролирано опкружување, а не во регуларниот сообраќај, додека следната фаза предвидува возење на една од московските редовни линии.


Самовозечкиот трамвај ќе биде во состојба да открива и препознава препреки во сообраќајот како автомобили, други трамваи, пешаци, светлосни сигнали, положба на вкрстувања на шините, а ќе биде и програмиран да држи безбедно растојание.

Како што се наведува, воведувањето на автономна технологија во трамваите ќе го направи овој превоз да стане најбезбедниот начин на јавен сообраќај.

Руските автономни трамваи ќе бидат опремени со 10-20 камери поставени по целото возило, како и до 10 радари. Возилото ќе има GPS сензори и прецизни електронски мапи на движење на трамвајот по линијата. Системот е проектиран така што ќе може да функционира во сите временски услови.

Во првата фаза од спроведувањето на оваа технологија, автономните системи ќе бидат користени како помош на возачот на трамвајот во случај на опасност, додека во следниот во потполност ќе ја преземат целосната контрола на возилото. Сепак, операторот и понатаму ќе продолжи да седи на позицијата предвидена за него како поддршка на системот, но исто така и поради тоа што се смета дека патниците психолошки сè уште не се подготвени за возење во трамвај без возач.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk