Апликацијата Lookout на Google ќе препознава предмети и знаци за луѓето со слаб вид

Супермен

13/03/2019

15:01

340

Големина на фонт

а а а

Апликацијата на Google, Loоkout за идентификација на предметите најавена минатата година сега е достапна за Pixel уредите во САД.

Компанијата Google минатата година најави нова апликација под името Lookout наменета за лицата со слаб вид. Апликацијата користи Al техонологија за идентификување на предмети со помош на камерата на смартфонот, така што ќе може да чита сообраќајни знаци и натписи, да скенира бар кодови и да идентификува валути. Оваа седмица Google најави дека Lookout ќе биде конечно достапна за преземање, но само за Pixel уредите во САД. 

Откако апликацијата беше најавена минатата година, Google ја тестираше и го подобри квалитетот на нејзините резултати. Компанијата напоменува дека и покрај новата технологија Lookout нема секогаш да дава 100% точни резултати.


За да ја користите апликацијата Lookout, Google на корисниците им препорачува да го носат свој Pixel уред околу врат или сместен во предниот џеб на јакната или блејзерот. На тој начин камерата на смартфонот ќе биде слободна и ќе може да забележува детали од околината, а со тоа и да идентификува предмети и текст во ситуации кога луѓето би можеле да бараат помош од другите.

Сè уште не е познато дали апликацијата ќе биде достапна на другите уреди освен на Google уредите, но компанијата се надева дека таа апликација наскоро ќе пристигне и кај другите уреди во повеќе земји.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk